Заечар
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Заечар (српски: Зајечар), e град во источниот дел на Србија. Според пописот од 2011 градот има 59,461 жител. Заечар има повеќе основни и средни училишта, а исто така тука е отворен и првиот приватен универзитет во Србија - Мегатренд. Градот Заечар е широко препознатлив по најстариот европски рок фестивал Заечарска гитаријада кој постои повеќе од 47 години.
Remove ads
Географија
Градот се наоѓа во заечарксата котлина каде кај местото наречено Саставак, Црни Тимок и Бели Тимок се сливаат во реката Велики Тимок. Градот е изграден на раскрсницата на магистраните патишта:
Историја
Најстарите познати жители на овие краеви биле Трибалите, после нив на овие подрачја се споменуваат Мизите, во долината Тимок се спомнуваат уште и Тимахите, но за нив освен нивните имиња ништо не се знае. Населените Словени во овие краеви се нарекувале Тимочани. Заечар првпат се спомнува во 1466. година во турски тефтер поврзан со населението на видинскиот пашалук, а од XVI - XVIII век има малку податоци за населението. Името е најверојатно со турско потекло. Во близина на градот се наоѓаат остатоци од римската царска палата од IV век п.н.е., Felix Romuliana, која е призната како светско културно наследство под заштита на УНЕСКО.
Remove ads
Религија
Заечар е седиште на Тимочката Епархија на Српска православна црква, која се простира на целокупната територија на Заечарскиот и Борскиот округ. Градот има соборен храм посветен на Раѓањето на Пресвета Богородица.
Гитаријада
Заечарска гитаријада е летен музички фестивал, ориентиран првенствено на рок музиката, која се одржува еднаш годишно. Програмата на фестивалот се состои од натпреварување на демо бендови и ревијални настапи на познати групи. Организаторите на Гитаријада тврдат дека, покрај тоа што фестивалот е најстар фестивал за рок-музика во Европа, таа е и најголем фестивал за млади бендови во Југоисточна Европа. Првото издание се одржало во 1966 година, а до сега настапиле многу бендови како Визија, Пу, Леб и Сол, Цилиндар, Зијан, Парни Ваљак, Забрањено пушење, Uriah Heep, Elemental и многу други.
Remove ads
Залет
Залет е фестивал на современи уметности кој се одржува секоја година, почнувајќи од 2005. година. Залет настанал од потребата да се иницираат, организираат и одржуваат културни случувања. Освен манифестациите како концерти, изложби, поезија итн. акцентот е ставен на иновативните и прогресивни видови на уметнички изразувања како што се перформанс, стрип уметност, видео-арт, концептуална уметност итн.
Remove ads
Демографија

Во Заечар живеат 32.337 полнолетни жители, а просечната старост на населението изнесува 40,2 години (39,3 кај машките и 41,1 кај жените). Во Заечар има 13.733 домаќинства, а просечниот број на членови по домаќинство е 2,88. Најмногу живеат Срби, Роми, Македонци, Црногорци итн.
Remove ads
Поврзано
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads