Земја на Франц Јосиф

архипелаг на Арктикот From Wikipedia, the free encyclopedia

Земја на Франц Јосифmap
Remove ads

Земјата на Франц Јосиф (руски: Земля Франца-Иосифа) — архипелаг на Крајниот Север на Русија во Северноледениот Океан.[1] Се наоѓа северно од Нова земја и источно од Свалбард. Административно припаѓа на Архангелската Област. Архипелагот се состои од 191 ледени острови, со вкупна површина од 16.134. Островите се од вулканско потекло. На северна географска ширина помеѓу 80,0° и 81,9°, ова се најсеверните острови на Евроазија (најсеверната точка на архипелагот, Русија и Евроазија е Кејп Флегели). Најголеми од нив се: Георгиевата Земја (2.821), Земјата на Вилчек (2.203), Греам Белиот Остров (1.557), Земјата на Александрина (1.130), Галја (1.049) и островот Солсбери (960).

Кратки факти руски: Земля Франца-Иосифа, Географија ...
Thumb
Карта на Земјата на Франц Јосиф
Thumb
Брегот на еден од островите на Земјата на Франц Јосиф
Remove ads

Историја

Thumb
Санта мраз

Иако норвешкиот ловец на фоки Нилс Фредрик Ренебек пристигнал овде во 1865 година, островите биле официјално откриени од австриско-унгарска приватна експедиција во 1873 година под водство на Јулијус Пајер и Карл Вајпрехт, откако нивниот брод заглави во мразот додека се обидувале да го најде североисточниот премин . Островите го добиле името по австрискиот император Франц Јосиф .[2] Норвежаните Фридјоф Нансен и Јалмар Јохансен поминале низ овие острови во 1895 и 1896 година по прекинатиот обид да стигнат до Северниот пол. По чиста случајност на островот Нортбрук во 1896 го запознале британскиот истражувач Фредерик Џорџа Џексон. Норвешка некое време ги сметала островите за своја територија и ги нарекувала Земја на Фридјоф Нансен, што може да се види на многу стари карти.

Советскиот сојуз во 1926 го потврдил својот суверенитет над островите и испратил мала постојана експедиција таму. Во тоа време, неколку луѓе пристигнаа на островите за истражувачки и воени цели.

Во 1931 година германскиот воздушен брод Л3 127 Граф стигнал до островот Гукера, што претставува пресвртна точка во истражувањето на руските поларни региони. Цепелин се сретнал и со мразокршачот „Маљгин“, и откако патувал покрај 81. паралелно до Северната Земја, се вратил на островот Гукера и започнал со една од првите воздушни разгледувања на островот.

За време на Студената војна, Советскиот Сојуз ги користел поларните региони како зона за поставување заштита од Соединетите држави, а многу делови на Арктикот стануваат клучни стратешки локации, со што Земјата на Франц Јосиф била прогласена за една од многуте зони за национална безбедност од 1930-тите до 1991 година . На островот на Грахам Бела бил изграден аеродром, кој служеше како база за руски бомбардери, а мисиите карактеризирани како тренинзи биле доста чести на трасата помеѓу Земјата на Франц Јосиф и континентална Русија. Иако островите биле воена област до која никој друг немал пристап, во 1971 година ги посетил брод за крстарење.

Remove ads

Одлики

Земјата на Франц Јосиф се вулкански остров составен од базалт од терцијар и јура . Иако овие острови се претежно прекриени со мраз, на карпите се појавуваат растенија како мов и лишаи. Североисточниот дел на островот е опкружен со мраз кој лебди во текот на целата година, иако во близина на јужните острови, ледот повремено се повлекува кон крајот на летото. Најсеверната точка на островот и цела Азија е Кејп Флигели на островот Рудолф и достигнува до 81° 52' север. Најголемиот остров е Георгова Земја, чии спротивни краеви се меѓусебно оддалечени 110 километри, а највисоката точка на островот е на висина од 620 метри на островот Земја на Винер Нејштадт.

Животните кои најчесто се среќаваат на островите се моржеви, арктички лисици и бели мечки, а кај птиците преовладуваат разни видови галеби, додека китовите често се наоѓаат во околните води.

Remove ads

Клима

Овие острови имаат многу студена поларна клима. Вообичаените јануарски дневни температури се движат помеѓу -15 ° и -10,5 ° додека вообичаената јулска дневна температура се движи од 0 ° до 2,2 °, а просечната годишна температура е -12,8 ° °. Во 30-годишниот период, највисоката измерена температура била 13 °, додека најниската е -54 °. Врнежите се чести во текот на целата година, особено кон крајот на пролетта и есента, додека маглата е многу честа кон крајот на летото.

Значајни места

  • Алџер е местот каде што во 1901 година презимувала американската експедиција на Евелин Болдвин по неуспешниот обид за освојување на Северниот пол .
  • Островот на Циглер е местото каде што на преминот од 19-ти до 20-ти. век се наоѓала австроунгарската опсерваторија Пајер-Вејпреш.
  • Островот на Џаксон е местото каде што презимувал Фридтјоф Нансен и Фредерик Џорџ Џексон после неуспешниот обид да стигнат до Северниот пол.
  • Гаља во 1873 година бил првиот откриен остров од островите на Франц Јосиф , а кај р'тот Тегетхоф во 1898 и 1899 експедицијата на Валтер Велман изградил мал логор кој денес има ознака во чест на откривањето на островот.
  • Гомфанов остров е местото каде што се наоѓа пистата за полетување и слетување на воздухопловите.
  • Грахам Бел е местото каде за време на Студената војна се наоѓала предстража, а на островот е сместено и најголемото полетувалиште со должина од 2100 метри. Овдека уште од педесеттите години на 20 век редовно слетуваат руски товарни и борбен авион .
  • Гукеровиот остров е местото каде што заливот Тихаја претставувал значителна база за поларни експедиции, а од 1929 до 1963 таму се наоѓала и метеоролошка станица. Островот во 1931 бил посетен од германски цепелин за време на првата разгледување на островот од воздух. За време на Втората светска војна, на островот биле поставени луѓе, а тука се наоѓаат и гробишта и две модерни згради. Голема колонија морски птици има на карпата Скала Рубини во близина на заливот Тихаја.
  • Кејсов остров е местото каде се наоѓа метеоролошката станица Кренкел.
  • Нортбрук е еден од најјужните острови, а во исто време и најпристапниот остров, поради што бил главната база на поларни експедиции на крајот на 19 и почетокот на 20 век. Кампот на р'тот Флора има историско значење, во 1896 се случила случајна средба помеѓу истражувачите Фридјоф Нансен и Фредерик Георг Џексон.
  • Рудолфов е најсеверниот остров. Заливот Теплик на крајот на 19-ти и почетокот на 20-тиот век, бил место каде се задржувале бројни поларни експедиции. Поради стрмниот терен, единствениот пристап од воздух е можен на патека долга 300 метри сместена на ледник.
  • Столички е мал остров каде се размножуваат голем број моржови.
  • Земјата на Александри е местото каде што се наоѓала метеоролошката станица Нагурскоје, која била една од најважните вакви станици на овие острови. За време на Студената војна, најверојатно имало одбранбен радар, а во нејзина близина е сместена и 1,5 километри долга писта за полетување и слетување воздухоплови. На ден 23 декември 1996 година на тоа место се случила воздушна несреќа во која учествувале товарни воздухоплов тип Антонов Ан-72.
  • Георговата земја е најголемиот остров во земјата на Франц Јосиф, а на него се наоѓа полуостровот Армитиџ
  • Вилчековата земја во 1899 било место каде презимувале двајца членови на експедицијата Вела кои чекаале остатокот од тимот да се врати од Северниот пол.
  • Земјата на Виенското Ново Место е стровот на кој се наоѓа највисокиот врв на овие острови.
Remove ads

Наводи

Литература

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads