Злешево

село во Општина Струмица From Wikipedia, the free encyclopedia

Злешевоmap
Remove ads

Злешево — напуштено село во Општина Струмица, во околината на градот Струмица.

Кратки факти
Remove ads

Географија и местоположба

Злешево се наоѓа во југоисточниот дел на Република Македонија. Од најблискиот град Струмица е оддалечен 16 километри.

Надморската височина во селото е 480 метри.

Селото се граничи со атарите на Костурино, Чепели, Раброво, Валандово, Пирава.

Историја

Селото е споменето во делото на Јован и Константин Драгаш во 1374 година, според кое Константин го одзел селото од власта на Дабижив и го подарил на манастирот „Свети Пантелејмон“ на Света Гора.[2]

Во османлиско време е споменато во 1621 година, под името Излешева, со 13 домаќинства. Во текот на XIX век селото било населено со турско население како дел од Струмичката Каза.[3]

Во XIX век, селото било дел од Струмичката Каза на Отоманското Царство.

Remove ads

Стопанство

Население

Повеќе информации Година, Нас. ...

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Злешево живееле 185 жители, сите Турци.[4]

Според Димитар Гаџанов во 1916 година во Злешово живееле 360 жители, Турци и Македонци.[5]

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 300 Турци.[6]

Селото е иселено по 1961 година, кога броело 547 жители, сите Турци.[7]

Според последниот попис од 2021 година, во селото немало жители.

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Повеќе информации Година ...
Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[8]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[9]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[10]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[11]
Remove ads

Културни и природни знаменитости

Иселеништво

Наводи

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads