Костурино
село во Општина Струмица From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Костурино — село во Општина Струмица, во околината на градот Струмица.
Remove ads
Географија и местоположба
Костурино се наоѓа во Струмичкото Поле, во југоисточниот дел на Република Македонија. Од најблискиот град Струмица е оддалечен 12 километри.
Надморската височина во селото е 440 метри а површината на селото изнесува 2.455 ха.
Селот се граничи со Три Води, Мемешли, Орманли, Злешево, Чепели, Раборци, Раброво.
Историја


Османлиски период
Во „Етнографија на Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Костурино се состоело од 102 семејства и 330 жители Македонци[2][3] Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 година Белотино имало 790 жители Македонци[2][4].
Во текот на т.н. афера Мис Стон, селото било посетено од страна на Гоце Делчев, каде се сретнал со Андон Ќосето и Иван Манолев[5].
Селото било под влијание на Бугарската егзархија. Според податоците на секретарот на егзархијата Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во селото живееле 936 Македонци и 5 Грци, и работело егзархиско училиште[2][6].
Југословенски период
По крајот на Балканските војни, селото било вклучено во составот на Кралство СХС, и подоцна Кралство Југославија.
Remove ads
Стопанство
Претежно занимање на населението е zемјоделие, sточарство и производство на вар. Обработливото земјиште во селото зафаќа површина од 575 ха[7].
Население
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 850 Македонци и 25 до 50 Албанци.[8]
Според пописот на населението на Македонија од 2002 година, селото има 1.280 жители, од кои 1.276 Македонци, 1 Турчин, 2 Срби и 1 останат.[9]
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 895 жители, од кои 803 Македонци, 4 Албанци, 2 Срби, 3 останати и 83 лица без податоци.[10]
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
- Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[11]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[12]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[13]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[14]
Remove ads
Општествени установи
- Подрачно основно училиште Даме Груев
- Амбуланта
- Пошта
Самоуправа и политика
Избирачко место
Во селото постојат избирачките места бр. 1830 и 1831 според Државната изборна комисија, сместени во основното училиште.[15]
На претседателските избори во 2019 година, на овие избирачки места биле запишани вкупно 1.090 гласачи.[16]
На Македонски парламентарни избори во 2020 година, на овие избирачки места биле запишани вкупно 1.090 гласачи.[17]
Културни и природни знаменитости
- Црква „Св. Димитриј“, православен храм.
- Василица Чука, археолошко наоѓалиште од хеленистичко и римско време.
- Прогон, археолошко наоѓалиште од доцноантичко и старохристијанско време.
- Растурен Брег, археолошко наоѓалиште од средновековно време.
- Орниче, археолошко наоѓалиште од неолитско време.
Редовни настани
Пеливанско борење кое се одржуваа по поводот Петровден на 12 јули секоја година
Личности
д-р Јанко Бачев, доктор на правни науки, универзитетски професор по меѓународно право и претседател на партијата Единствена Македонија (претходно Народно движење за Македонија)
Култура и спорт
Иселеништво
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads