Пирава
село во Општина Валандово From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Пирава — село во Општина Валандово, во областа Бојмија, во околината на градот Валандово.
Remove ads
Географија и местоположба
Ова големо село се наоѓа во областа Бојмија, во средишниот дел на територијата на Општина Валандово.[2] Селото е рамничарско, сместено на надморска височина од 110 метри. Од градот Валандово, селото е оддалечено 4 километри, додека од патот Валандово-Удово е оддалечено само половина километар, но денес селото сѐ повеќе се доближува.[2]
Покрај селото поминува регионалниот пат 1105, кој го поврзува гевгелиското село Миравци со граничниот премин „Дојран“.
Remove ads
Историја

Подрачјето на Пирава е населено барем од хеленистичко време, за што сведочат остатоците од населба на наоѓалиштето Карталово Седело, северозападно од селото.[3]
Во 1915 година, околу селото се воделе борби помеѓу ВМОРО и српските сили при Валандовската афера.[4]
Селото било срамнето со земја при Валандовскиот земјотрес во 1931 година.[5]
Стопанство

Атарот на селото зафаќа површина од 20,3 км2. На него преовладува обработливото земјиште на површина од 1.002 хектари, на пасиштата отпаѓаат 553 хектари, а на шумите 313 хектари.[2]
Селото, во основа, има полјоделско-сточарска функција. Во селото постои земјоделска задруга, и во селото работат продавници и угостителски објекти.[2]
Население
Според податоците од 1873 година во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“, селото имало 115 домаќинства со 237 жители христијани и 86 жители муслимани.[6]
Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 година, во селото Пирава имало 740 жители, од кои 470 Македонци, 180 Турци и 90 Роми.[7] По податоците на секретарот на Бугарската егзархија, Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Пирава имало 496 жители.[8]
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 900 Македонци и 25 до 50 Турци.[9]
Селото е големо со пораст на бројот на населението. Така, Пирава во 1961 година имало 1.339 жители, од кои 1.327 биле Македонци, тројца Срби, двајца Албанци и тројца Турци. Во 1994 година бројот се зголемил на 1.839 жители, од кои 1.827 Македонци и 11 жители Срби.[2]
Според пописот од 2002 година, во селото Пирава имало 1.844 жители, од кои 1.827 Македонци, 9 Срби и 8 Роми.[10]
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 1.586 жители, од кои 1.505 Македонци, 2 Албанци, 5 Роми, 4 Срби, 7 останати и 63 лица без податоци.[11]
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
- Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[12]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[13]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[14]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[15]
Remove ads
Општествени установи
- Основно училиште „Гоце Делчев Пинџур“, подрачно деветгодишно основно училиште во состав на ОУ „Јосип Броз Тито“ - Валандово[16]
- Пошта (2463)
- Амбуланта
- Дом на културата
- Месна заедница
- Месната заедница
- Поштата
- Амбулантата
- Основното училиште
Самоуправа и политика
Во XIX век, Пирава било македонско-турско село во рамките на Дојранската Каза на Отоманското Царство.
Селото влегува во рамките на Општина Валандово, една од малкуте општини кои не биле изменети со новата територијална поделба на Македонија во 2004 година. Во периодот од 1996-2004 година, селото било во рамките на некогашната Општина Валандово.
Во периодот 1955-1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата Општина Валандово.
Во периодот 1952-1955, селото било дел од тогашната Валандовска градска општина, во која покрај селото Пирава се наоѓале градот Валандово и селата Балинци, Брајковци, Грчиште, Марвинци, Раброво и Честово. Во периодот 1950-1952, селото било седиште на некогашната општина Пирава, во која селото Пирава било единствено село.
Избирачко место
Во селото постојат избирачките места бр. 0285 и 0286 според Државната изборна комисија, сместени во основното училиште и домот на културата.[17]
На претседателските избори во 2019 година, на овие избирачки места биле запишани вкупно 1.459 гласачи.[18]
Remove ads
Културни и природни знаменитости

- Археолошки наоѓалишта[3]
- Карталово Седело — населба од хеленистичко и римско време;
- Крстот — некропола од доцноантичко време;
- Турски Гробишта — светилиште од римско време; и
- Чарго — населба од римско време.
- Цркви[19]
- Црква „Св. Ѓорѓи“ — главна селска црква
Личности
- Родени во или по потекло од Пирава
- Петар Гошев (р. 1948) — политичар и поранешен гувернер на Народната банка на Република Македонија
- Николче Чурлиновски — лекар и градоначалник на Општина Валандово
Култура и спорт
Во селото постои КУД „Гоце Делчев“, кој одржува настани во домот на културата во Пирава.
Воедно, во селото работи и фудбалскиот клуб „Ударник“, кој неколку сезони има настапувано во Втората лига.
Галерија
- Улица во селото
- Парк во селото
- Парк во селото
- Сретселото
- Поштата
- Месната заедница
- Улица во селото
- Сретселото
Поврзано
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads