Иваново
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Иваново — село во Петричко, Пиринска Македонија, денес во општината Петрич на Благоевградската област, југозападна Бугарија.
Remove ads
Географија и местоположба
Селото се наоѓа на 38 километри северозападно од градот Петрич и на 40 километри западно од Свети Врач, во севериот дел на планината Огражден. Селото се наоѓа на надморска висина од 790 метри. Село Иваново се намира в северните склонове на планината Огражден. Соседни села на Иваново се Крнџилица и Драгуш.
Историја
Османлиско Царство
Според легендата, селото Иваново било основано пред повеќе од два века од жители на Берово, кои побарале прибежиште од некој турски насилник и нашле заштита недалеку од легендарниот Марков врв.
Во „Етнографија на Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Иваново (Yvanovo) се состоело од 42 куќи од кои 172 Македонци[1][2] Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 година селото имало 175 жители, сите Македонци[1][3]. Селото било под влијание на Бугарската егзархија. Според податоците на секретарот на егзархијата Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во селото живееле 184 Македонци под врховенството на Бугарската егзархија[4].
По избувнувањето на Балканските војни во 1912 година, две лица од селото биле доброволци во Македонско-одринските доброволни чети[5].
Бугарија
По крајот на Балканските војни, селото било вклучено во составот на Бугарија. Пред одземањето со земјиштето, околу 360 луѓе живееле во селото и во соседната населба Занога. По 1960 година, населението масовно го напуштило селото. Голем дел од жителите на селото Иваново и нивните потомци денес живеат во градот Петрич и селото Парвомај.
Remove ads
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads