Ивче Мирчев

македонски партизан, дел од НОВМ From Wikipedia, the free encyclopedia

Remove ads

Ивче Мирчев, роден со името Ивче Камев Мирчев (Крива Круша, 1917Раштански Колиби, 10 септември 1944) — македонски партизан, дел од НОВМ. Член во Комунистичката партија на Југославија и Комунистичката партија на Македонија. Партизан во осмата македонска ударна бригада. Деец во Народноослободителната борба во Македонија против бугарските и германските окупатори. За време на Битката кај Раштански Колиби тој храбро и трагично загинал.

Кратки факти Ивче Мирчев, Роден(а) ...
Remove ads

Животопис

Роден во велешкото село Крива Круша. Мирчев потекнувал од крајно бедно земјоделско семејство. Основно училишно образование го завршил во неговото родно село но заради неговата економска состојба, тој неможел да продолжи со средно училишно образование. Почнал да работи како земјоделец заедно со неговото семејство. Пред Априлската војна, тој бил дел од Југословенската кралска армија, како дел од неговиот воен рок.[1]

Со почетокот на народната ослободителна војна тој бил восхитен кон дејствата на македонските партизани и заради тоа се приклучил во Комунистичката партија на Југославија и Комунистичката партија на Македонија. Во септември 1944 година тој се приклучил во народната ослободителна војска на Македонија. Во 2-ри септември истата година во велешкото село Отиштино бил присутен за формирањето на осмата македонска ударна бригада.[1]

При патувањето на бригадата во Раштански Колиби се сретнале со силна германска моторизирана колонија и се одвивала Битката кај Раштански Колиби. Заради тоа што бригадата не била доволно спремна околу 15 партизани загинале, еден од нив бил и Ивче Мирчев. После војната неговите посмртни остатоци биле изгубени, но после неколку години биле пронајдени и пренесени во велешката спомен костурница.[1][2]

Remove ads

Наводи

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads