Отиштино
село во Општина Чашка From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Отиштино — село во Општина Чашка, во околината на градот Велес.
Remove ads
Географија и местоположба
Историја
Стопанство
Население
Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 година, во селото Отиштино имало 130 жители, сите Македонци.[2] По податоците на секретарот на Бугарската егзархија, Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Отиштино имало 144 жители, Македонци под врховенството на Бугарската егзархија.[3]
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралство Југославија во 1931 година, селото имало 50 Македонци.[4]
Според пописот од 2002 година, селото имало население од 59 жители, од кои 53 Бошњаци и 6 Албанци.[5]
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 39 жители, од кои 22 Албанци и 17 Бошњаци.
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
- Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[6]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[7]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[8]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[9]
Родови
Отиштино е бошњачко-албанско село, а порано имало и Македонци во селото.
Според истражувањата од 1966 година, родови во селото се:
Македонски
- Староседелци: Темелковци (2 к.), Ѓорчеви (2 к.), Стојкови (2 к.), Тодорови (1 к.) и Андонови (1 к.)
- Доселеници: Пекмезови (3 к.) и Орданови (1 к.) доселени се после 1918 година од селото Бистрица.
Бошњачки
- Доселеници: Бишевац (1 к.), Адилови (1 к.), Фаикови (1 к.), Мујовиќи (1 к.) и Муриќи (1 к.) доселени се од разни села во околината на Нови Пазар.
Албански
- Доселеници: Деарови (1 к.) основачот на родот се доселил пред крајот на турското владеење од селото Долно Јаболчиште. Таму имал жена торбешка од селото Мелница. Па од таа причина во овој род се зборува македонскиот јазик.[10]
Remove ads
Општествени установи
Самоуправа и политика
Избирачко место
Во селото постои избирачкото место бр. 2240 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на основното училиште. Во ова избирачко место е опфатено и селото Расино.[11]
На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 57 гласачи.[12]
Културни и природни знаменитости
- Археолошки наоѓалишта[13]
- Врчва — населба од римско време
- Латински Гробишта — некропола од средниот век
- Тумба — тумул од железно време
Редовни настани
Личности
Култура и спорт
Иселеништво
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads