КК Работнички сезона 2017/18

From Wikipedia, the free encyclopedia

Remove ads

Сезоната 2017/18 на КК Работнички - 26. сезона во Првата македонска кошаркарска лига и 72. сезона од неговото постоење. Клубот оваа сезона бил вицепрвак во Купот, додека во Првенството бил првак.

Кратки факти
Remove ads

Преглед на сезоната

Претсезонски подготовки и промени

Разигрувачот од ланската сезона, Владо Илиевски, се пензионирал како кошаркар.[1] Исто така, центарот Ненад Мишановиќ го напуштил Работнички и се преселил во кипарското првенство.[2] Работнички се пријавил во ФИБА Лигата на Шампионите за престоечката сезона.[3] Веднаш потоа крилниот центар Бојан Крстевски станал старо-нов играч на клубот.[4] Откако Карпош Соколи добил право на учество во квалификациите, Работнички се пријавил за учество во ФИБА Европа Купот,[5][6] при што му било одобрено да учествува во квалификациите на ова натпреварување.[7] Во меѓувреме, клубот го напуштил Андреј Маслинко кој потпишал за МЗТ Аеродром.[8][9] На крајот на јули, Кирил Павловски го напуштил Работнички, селејќи се во новиот прволигаш Гостивар. Исто така, и Диме Тасовски во август се преселил во Гостивар.[10]

Од Работнички заминал Лука Петровски кој се преселил во второлигашот Вардар.[11]

Во средината на август, во клубот пристигнал Бугаринот Чавдар Костов, кој играл на позицијата бек.[12] На крајот на месецот, во екипата пристигнал Маркус Гинјард како крилен центар,[13] како и разигрувачот Кори Луциус.[14] За престојната сезона, Работнички ги задржал Димитар Мираковски, Ѓорѓи Чековски, Петар Николиќ и Виктор Ефремовски.[13]

Септември

Во средината на септември пристигнал Србинот Дарко Чохадаревиќ за на позицијата центар.[15] Во првиот натпревар од првата квалификациска рунда на ФИБА Европа Купот, Работнички на гости загубил од руска Парма со 88:63. Истакнати играчи биле Чавдар Костов со 22 бода и шест скокови, и Кори Луциус со четири асистенции.[16]

Во вториот натпревар одигран во Вип арената Борис Трајковски, Работнички пак загубил од Парма со 73:95 и со тоа бил елиминиран. Маркус Гинјард завршил со 26 бода и пет асистенции, додека Ѓорѓи Чековски остварил седум скокови.[17]

По двомечот со Парма, Кори Луциус го напуштил клубот по истекот на едномесечниот договор.[18]

Октомври

Во првото коло на прволигашката сезона, Работнички му гостувал на Куманово 2009 и го победил со 88:91 по продолженија. Чавдар Костов имал 30 бода и осум скокови, исто толку скокови имал Дарко Чохадаревиќ, додека Маркус Гинјард завршил со шест асистенции.[19]

Заради пополнување на позицијата 1 и 2, во Работнички пристигнал Расел Робинсон, кој последен пат играл во полски Шчеќин.[20]

Во второто коло Работнички дома го победил Фени Индустри со 80:63. Најдобар бодтер и скокач бил Ѓорѓи Чековски со 22 бода и осум скокови, а Петар Николиќ и Чавдар Костов имале шест асистенции.[21]

По натреварот со Фени, како што претходно било најавено, Дарко Чохадаревиќ го напуштил Работнички.[18]

Во третото коло Работнички на гости го победил Кожув со 53:94. Маркус Гинјард постигнал 27 бода и остварил осум скокови, а Димитар Мираковски завршил со пет асистенции.[22]

Во четвртото коло Работнички дома го победил Пелистер со резултат 105:49. Маркус Гинјард бил најдобар бодтер со 28 бода, Ѓорѓи Чековски завршил со осум скокови и пет асистенции, исто толку асистенции колку и Петар Николиќ.[23]

Ноември

Во петтото коло Работнички на гости славел против Шкупи со 85:103. Најистакнати играчи биле Маркус Гинјард со 37 бода, Ѓорѓи Чековски со 13 скокови и Расел Робинсон со шест асистенции.[24]

Во шестото коло Работнички дома ја совладал Блокотехна со 71:55. Чавдар Костов натпреварот го завршил со 15 бода и 14 скокови, а Димитар Мираковски стигнал до шест асистенции.[25]

Во седмото коло Работнички на гости го победил Гостивар со 76:78. Маркус Гинјард имал постигнато 18 бода и седум асистенции, а Бојан Крстевски остварил осум скокови.[26]

Центарот Кирил Николовски кој сезоната ја започнал во Карпош Соколи, се преселил во Работнички.[27][28][29]

Декември

Во осмото коло Работнички како гостин го победил МЗТ Аеродром со 71:76. Маркус Гинјард постигнал 20 бода, Кирил Николовски остварил 13 скокови, додека Чавдар Костов, Расел Робинсон и Димитар Мираковски завршиле со по четири асистенции.[30]

Во деветтото коло Работнички на домашен терен го поразил АВ Охрид со 95:75. Истакнати играчи биле Бојан Крстевски со 19 бода, Чавдар Костов со девет скокови и Димитар Мираковски со осум додавања.[31]

Во десеттото коло Работнички како гостин во Градски Парк го победил Карпош Соколи 2000 со 61:99. Виктор Ефремовски бил најуспешен стрелец со 23 бода, Славчо Темелковски завршил со 15 скокови и Петар Николиќ остварил шест асистенции.[32]

Во единаесеттото коло Работнички дома ја победил Струмица со 108:57. Најуспешни кошаркари биле Кирил Николовски со 26 бода, Ѓорѓи Чековски со десет скокови и Димитар Мираковски со седум додавања.[33]

Јануари

Во дванаесеттото коло Работнички дома успеал да победи против Куманово 2009 со 81:77. Најдобар бодтер бил Маркус Гинјард со 19 бода, со девет скокови најдобар скокач бил Бојан Крстевски и Чавдар Костов со седум додавања завршил како најдобар додавач.[34]

Во тринаесеттото коло Работнички на гостински терен го победил Фени Индустри со 55:74. Најистакнати кошаркари биле Димитар Мираковски со 14 бода и шест асистенции, и Ѓорѓи Чековски со девет скокови.[35]

Во четиринаесеттото коло Работнички на домашен терен го поразил Кожув со 76:64. Расел Робинсон остварил 17 бода, Кирил Николовски имал 11 скокови, додека Ѓорѓи Чековски завршил со три асистенции.[36]

Февруари

Во петнаесеттото коло Работнички на гости го победил Пелистер со 57:106. Маркус Гинјард остварил 23 бода и шест скокови, исто скокови како и Бојан Крстевски, додека Расел Робинсон завршил со четири додавања.[37]

Во шестнаесеттото коло Работнички во Градски Парк го победил Шкупи со 113:62. Со 18 бода Чавдар Костов и Маркус Гинјард биле најдобри бодтери, Ѓорѓи Чековски имал 10 скокови, а Димитар Мираковски остварил девет асистенции.[38]

Во средината на февруари Ангел Тасевски, дотогашниот тренер на Карпош Соколи 2000, станал извршен директор на Работнички.[39]

Во четвртфиналето од Купот на Македонија, Работнички во Салата Јасмин во Кавадарци го победил Карпош Соколи 2000 со резултат 103:49. Маркус Гинјард остварил 21 бод и седум скокови, исто скокови како и Кирил Николовски, а најдобар додавач бил Димитар Мираковски со девет асистенции.[40]

Во полуфиналето, Работнички бил подобар од Куманово 2009 со 77:68. Кирил Николовски остварил 18 бода и десет скокови, а Димитар Мираковски завршил со пет асистенции.[41]

Во финалето, Работнички бил поразен од МЗТ Аеродром со 67:76. Најдобри поединци биле Димитар Мираковски со 24 бода, Чавдар Костов со 12 скокови и Расел Робинсон со пет асистенции.[42]

Март

Во седумнаесеттото коло Работнички на гостински терен ја поразил Блокотехна со 67:73. Науспешен кошаркар бил Кирил Николовски со 15 бода, десет скокови и три додавања, исто додавања како и Расел Робинсон.[43]

Во осумнаесеттото коло Работнички дома го победил Гостивар со 74:49. Чавдар Костов имал постигнато 20 бода, Маркус Гинјард остварил десет скокови и Расел Робинсон завршил со осум асистенции.[44]

Во деветнаесеттото коло Работнички победил дома против МЗТ Аеродром со 100:84. Поради недолично однесување, натпреварот бил прекинат, оставен да се доигра следниот ден, без присуство на публика.[45] Најдобар поединец бил Чавдар Костов со 31 бод и девет скокови, додека Димитар Мираковски имал девет додавања.[46]

Во дваесеттотто коло Работнички на гости го победил АВ Охрид со резултат 69:100. Најдобар бодтер бил Чавдар Костов со 22 бода, Маркус Гинјард имал шест освоени топки, а Димитар Мираковски дошол до пет асистенции.[47]

Во дваесет и првото коло Работнички дома победил против Карпош Соколи 2000 со 96:59. Кирил Николовски имал 24 бода и седум скокови, а Расел Робинсон остварил шест асистенции.[48]

Во пресрет на Супер лигата, во Работнички пристигнал Димитар Караџовски кој се преселил од Куманово 2009.[49][50]

Управниот одбор на МКФ одлучил, поради навивачките инциденти и можноста да биде забрането играње во Градски Парк, дека Работнички може да продолжи да игра во домашната сала, со засилени безбедносни мерки.[51][52]

Во дваесет и второто коло Работнички ја победил Струмица на гостински терен со 77:103. Најдобар играч бил Кирил Николовски со 24 бода и 11 скокови, додека најдобар додавач бил Димитар Мираковски со седум асистенции.[53]

Како засилување на позицијата 2, во Работнички пристигнал Шон Евас кој играл за аргентинска Бока Јуниорс.[54][55]

Април

Во првото коло од Супер лигата, Работнички на гости го поразил АВ Охрид со 55:85. Маркус Гинјард имал 21 бод, најдобар скокач бил Чавдар Костов, додека Димитар Мираковски и Расел Робинсон завршиле со четири додавања.[56]

Во второто коло Работнички дома остварил победа против Гостивар со 71:57. Чавдар Костов имал 16 бода, Димитар Мираковски дошол до седум скокови и осум додавања, исто толку скокови како и Маркус Гинјард.[57]

Во третото коло Работнички загубил на гости од Куманово 2009 со 83:82. Најдобри поединци биле Димитар Мираковски со 20 бода, Бојан Крстевски со седум скокови и Расел Робинсон со пет додавања.[58]

Во четвртото коло играл во салата Младост во Гостивар како домашна екипа бидејќи семафорот за 24 секунди не работел во салата Градски Парк.[59][60] Во тој натпревар Работнички победил против МЗТ Аеродром со 92:74. Најдобар играч бил Шон Еванс со 19 бода и 12 скокови, а најуспешен додавач бил Расел Робинсон со осум асистенции.[61]

Во петтото коло Работнички во гости ја победил Блокотехна НБ со 86:93. Димитар Мираковски имал 17 бода, Шон Еванс 11 скокови, а Димитар Караџовски бил со шест додавања.[62]

Во шестото коло Работнички дома го победил АВ Охрид со резултат 100:64. Најистакнати кошаркари биле Бојан Крстевски со 15 бода, Ѓорѓи Чековски со шест скокови и Димитар Мираковски со пет додавања.[63]

Во седмото коло Работнички на гости победил против Гостивар со 69:74. Најистакнат стрелец бил Чавдар Костов со 13 бода, Шон Еванс завршил со шест скокови, а Димитар Мираковски и Расел Робинсон заедно имале по пет додавања.[64]

Во осмото коло Работнички дома го поразил Куманово 2009 со 109:76. Чавдар Костов имал 24 бода, најдобар скокач бил Кирил Николовски, а Расел Робинсон завршил со осум асистенции.[65]

Мај

Во деветтото коло Работнички на гости изгубил од МЗТ Аеродром со 80:76. Најдобар стрелец бил Чавдар Костов со 29 бода, Шон Еванс бил со девет скокови, а Димитар Мираковски имал пет додавања.[66]

Во десеттото коло Работнички дома победил против Блокотехна НБ со 78:65. Наистакнат бодтер бил Кирил Николовски со 16 бода, Маркус Гинјард завршил со седум скокови, додека Димитар Караџовски стигнал до пет додавања.[67]

Во првиот натпревар од полуфиналето на разигрувањата, Работнички дома го победил Куманово 2009 со 101:72. Најдобри стрелци биле Расел Робинсон и Шон Еванс со 19 бода, најдобар скокач бил Еванс со десет скокови, и Ѓорѓи Чековски остварил четири додавања.[68]

Во вториот натпревар од полуфиналето, Работнички на гостински терен го победил Куманово 2009 со 68:82. Најдобар бодтер и скокач бил Чавдар Костов со 20 бода и шест скокови, а најуспешен додавач бил Ѓорѓи Чековски со пет асистенции.[69]

Во третиот натпревар, Работнички со резултат од 81:65 повторно победил и со 3:0 во победи го елиминирал Куманово 2009. Најдобри стрелци биле Шон Еванс и Маркус Гинјард со 17 бода, најуспешни скокачи биле Бојан Крстевски и Еванс со девет скокови, додека најистакнат додавач со три додавања бил Ѓорѓи Чековски.[70]

Во првиот натпревар од финалето, Работнички во Градски Парк го победил МЗТ Аеродром со 86:77. Чавдар Костов имал 21 бод, Шон Еванс завршил со 12 скокови, а Расел Робинсон остварил шест додавања.[71]

Во вториот натпревар од финалето, Работнички во гости го поразил МЗТ Аеродром со 75:76. Најдобар играч бил Расел Робинсон со 22 бода и седум додавања, а најдобар скокач бил Шон Еванс со девет скокови.[72]

Во третиот натпревар Работнички дома го победил МЗТ Аеродром со 87:84 и со 3:0 во победи станал првак на Првенството. Најдобар бодтер бил Чавдар Костов со 19 бода, Ѓорѓи Чековски имал осум скокови, а Расел Робинсон завршил со пет додавања.[73]

Remove ads

Состав и стручен штаб

Играчки состав

Повеќе информации број, име ...

Извор: Македонска Кошаркарска Федерација[мртва врска] eurobasket.com

Играчи кои го напуштиле клубот за време на сезоната

Повеќе информации број, име ...

Стручен штаб

Повеќе информации име, функција ...

Извор: Македонска Кошаркарска Федерација[мртва врска]

Remove ads

Статистика

Повеќе информации Куп 2018, Прва лига ...

Легенда

  • О = Одиграни натпревари
  • П = Победи
  • З = Загуби
  • Пое = Бодови
  • Поз = Конечна позиција
  • 1/2 = Полуфинале
П ВП
Првак Вицепрвак

Поврзано

Наводи

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads