КК Работнички сезона 2018/19
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Сезоната 2018/19 на КК Работнички - 27. сезона во Првата македонска кошаркарска лига и 73. сезона од неговото постоење. Клубот оваа сезона бил првак во Купот, додека во Првенството бил вицепрвак.
Remove ads
Преглед на сезоната
Претсезонски подготовки и промени
Во средината на јули, Бобан Стајиќ потпишал за Работнички, кој ланската сезона настапувал во Куманово 2009.[1] Неколку дена подоцна, исто поранешен играч на Куманово, Марјан Јанески одлучил да игра за Работнички.[2][3][4]
Потоа, поради ангажирањето на Стајиќ, разигрувачот Петар Николиќ продолжил во Блокотехна.[5]
Во екипата од ланската сезона, останале Ѓорѓи Чековски, Кирил Николовски, Бојан Крстевски, Димитар Мираковски, Димитар Караџовски и Чавдар Костов.[2][5][6]
Центарот од ланската сезона, Шон Еванс ја продолжил својата кариера во грчкиот Ифаистос Лимну.[7] Во септември, Расел Робинсон, потпишал за бугарскиот Левски.[8] Неколку дена подоцна, Маркус Гинјард потпишал и заминал во романска Орадеа.[9]
Октомври
Во првото коло на прволигашката сезона, Работнички му гостувал на АВ Охрид и го победил со 44:94. Кирил Николовски имал 16 бода, Бојан Крстевски остварил десет скокови, додека Чавдар Костов завршил со пет асистенции.[10]
Во второто коло Работнички дома го победил Пелистер со 95:56. Најдобар бодтер бил Марјан Јанески со 22 бода, најуспешен скокач бил Кирил Николовски со осум скокови, а Виктор Ефремовски и Чавдар Костов имале по четири асистенции.[11]
Во третото коло Работнички на домашен терен го победил Кожув со 102:75. Чавдар Костов постигнал 29 бода, Кирил Николовски остварил шест скокови, а Димитар Караџовски завршил со седум асистенции.[12]
Во четвртото коло Работнички на гости го победил Куманово 2009 со резултат 70:82. Кирил Николовски бил најдобар бодтер со 18 бода. Бојан Крстевски, Чавдар Костов и Николовски, како најдобри скокачи, завршиле со по седум скокови. Најмногу додавања имале Димитар Мираковски и Димитар Караџовски, односно четири.[13]
Ноември
Во петтото коло Работнички бил слободен.
На 7 ноември бил организиран хуманитарен натпревар помеѓу актуелниот состав на Работнички и ветерани односно поранешни истакнати играчи на клубот. Во составот на ветераните биле: Перо Антиќ, Тодор Гечевски, Тони Симиќ, Перо Блажевски, Ристе Стефанов, Марјан Србиновски, Александар Димитровски, Енес Хаџибулиќ, Борис Нешовиќ, Александар Јончевски. Тренер на екипата на ветераните бил Лазар Лекиќ.[14][15]
Во шестото коло Работнички на гости го совладал МЗТ Аеродром со 88:90. Марјан Јанески натпреварот го завршил со 30 бода, Чавдар Костов остварил девет скокови, а Димитар Караџовски стигнал до шест асистенции.[16]
На 14 ноември, во Градски Парк, Работнички одиграл пријателски натпревар со ЈБА-екипата, односно кошаркари од младинската кошаркарска лига на САД. Работнички победил со 127:122.[17][18]
Во седмото коло Работнички дома го победил Фени Индустри со 92:87. Кирил Николовски и Чавдар Костов биле најдобри стрелци со 18 бода. Николовски завршил и со девет скокови, а Димитар Караџовски остварил шест асистенции.[19]
Во осмото коло Работнички како гостин загубил од Блокотехна НБ со 75:61. Чавдар Костов постигнал 16 бода, Бојан Крстевски остварил 7 скокови, додека Марјан Јанески завршил со четири додавања.[20]
Декември
Во деветтото коло Работнички на домашен терен го поразил Шкупи со 96:58. Истакнати играчи биле Виктор Ефремовски со 21 бод, Славчо Темелковски со девет скокови, и Димитар Мираковски со девет додавања.[21]
Во десеттото коло Работнички како гостин го победил Вардар со 89:107. Бојан Крстевски бил најуспешен стрелец со 22 бода, Марјан Јанески завршил со 7 скокови и Бобан Стајиќ остварил пет додавања.[22]
Во единаесеттото коло Работнички дома го победил Гостивар со 89:78. Најуспешни кошаркари биле Кирил Николовски со 30 бода, Бојан Крстевски со девет скокови и Димитар Мираковски со шест додавања.[23]
На крајот на декември, помошникот-тренер, Александар Јончевски, го напуштил Работнички и станал главен тренер на Кожув.[24][25]
Јануари
На почетокот на 2019 година, на местото помошник-тренер, во Работнички пристигнал Игор Михајловски.[26]
Во средината на јануари, резервниот центар Славчо Темелковски се преселил во Вардар.[27][28][29]
Во дванаесеттото коло Работнички дома успеал да победи против АВ Охрид со 96:54. Најдобар бодтер бил Марјан Јанески со 24 бода, со десет скокови најдобар скокач бил Бојан Крстевски, и Димитар Мираковски заедно со Бобан Стајиќ завршиле како најдобри додавачи со седум додавања.[30]
Во тринаесеттото коло Работнички на гостински терен го победил Пелистер со 63:110. Најистакнати кошаркари биле Чавдар Костов со 40 бода и шест скокови, и Бобан Стајиќ со седум додавања.[31]
Февруари
Во четиринаесеттото коло Работнички на гостински терен го поразил Кожув со 73:84. Чавдар Костов остварил 24 бода и девет скокови, додека Димитар Мираковски завршил со пет додавања.[32]
Во петнаесеттото коло Работнички дома го победил Куманово 2009 со 88:79. Димитар Мираковски и Чавдар Костов оствариле по 19 бода, Бобан Стајиќ имал пет скокови и 11 додавања, исто скокови како и Бојан Крстевски.[33]
Март
Во шестнаесеттото коло Работнички бил слободен.
Во седумнаесеттото коло Работнички на домашен терен бил поразен од МЗТ Аеродром со 70:74. Науспешен бодтер бил Бојан Крстевски со 19 бода, најдобар скокач бил Чавдар Костов со 11 скокови, и Димитар Мираковски завршил со десет додавања.[34]
Во осумнаесеттото коло Работнички на гости го победил Фени Индустри со 66:72. Димитар Караџовски имал постигнато 20 бода и пет додавања, додека Чавдар Костов остварил девет скокови.[35]
Во деветнаесеттото коло Работнички победил дома против Блокотехна НБ со 94:77. Најдобар поединец бил Чавдар Костов со 27 бода и осум скокови, додека Бобан Стајиќ имал пет додавања.[36]
Во дваесеттотто коло Работнички на гости го победил Шкупи со резултат 77:120. Најдобар бодтер бил Виктор Ефремовски со 23 бода, Марјан Јанески и Бојан Крстевски имале седум скокови, а најуспешни додавачи биле Бобан Стајиќ и Бојан Крстевски со седум додавања.[37]
Во дваесет и првото коло Работнички дома победил против Вардар со 84:61. Чавдар Костов имал 17 бода, Бојан Крстевски заедно со Марјан Јанески и Димитар Мираковски кој остварил седум додавања, завршиле со четири скокови.[38]
Во дваесет и второто коло Работнички го победил Гостивар на гостински терен со 61:85. Најдобар играч бил Бобан Стајиќ со 16 бода и 8 додавања, исто толку бодови како и Бојан Крстевски, додека најдобри скокачи биле Димитар Караџовски и Чавдар Костов со седум скокови.[39]
Април
На 4 април, на Работнички, му истекла суспензијата за странски играчи како засилувања, дадена од ФИБА. Причина за суспензијата била долг на Дарко Чохадаревиќ, играч од ланската сезона.[40]
Во пресрет на Супер лигата, во Работнички пристигнале Србинот со македонски пасош Стефан Младеновиќ кој се преселил од АВ Охрид,[41] и Ксавиер Џонсон кој од екипата на Тексас Леџендс, клуб од Г-Лигата односно развојната лига на НБА.[42][43] Но според МКФ, Џонсон имал несоответна документација, и Работнички упатил жалба и кривична пријава кон Федерацијата.[44][45] Исто така, во екипата пристигнал кошаркарот од САД со македонски пасош Дариус Вашингтон кој последен пат играл за Тим ДРЦ во САД.[46][47]
Поради повреда на Кирил Николовски уште од февруари 2019 година, тој го пропуштил остатокот на Првенството.[42][43]
Во меѓувреме, младинците Андреја Деолски и Дамјан Крстевски се преселиле во Шкупи односно Вардар.[29][48]
Во првото коло од Супер лигата, Работнички на гости го поразил Куманово 2009 со 57:75. Бојан Крстевски имал 22 бода, најдобар скокач бил Чавдар Костов со седум, додека Димитар Мираковски завршил со девет додавања.[49]
Во четвртфиналето од Купот на Македонија, Работнички во Салата 26 Април во Гевгелија го победил Куманово 2009 со резултат 104:80. Бојан Крстевски остварил 24 бода, со најмногу скокови (шест) бил Ѓорѓи Чековски, а најдобри додавачи биле Димитар Мираковски и Димитар Караџовски со шест додавања.[50]
Во полуфиналето Работнички, по две продолженија, го победил МЗТ Аеродром со резултат 93:89, откако по 40 минути било 72:72. Чавдар Костов остварил 19 бода, Ѓорѓи Чековски имал десет скокови, а Бобан Стајиќ завршил со шест додавања.[51]
Во финалето Работнички ја победил Блокотехна НБ со 71:85, и ја освоил десеттата Куп титула. Чавдар Костов постигнал 25 бода и 11 скокови, а Бобан Стајиќ завршил со осум додавања.[52]
Откако МКФ одлучила дека салата Градски Парк нема доволно услови за одржување на кошаркарски натпревари во Супер лигата, решила да го суспендира теренот.[53] Како алтернативен домашен терен, Работнички го одбрал спортскиот центар Борис Трајковски - Вип арена.[54][55]
Во второто коло од Супер лигата, поради зафатеност на Вип арената, Работнички одиграл како домашна екипа во салата Младост во Гостивар.[56] Во тој натпревар, Работнички остварил победа против Кожув со 88:56. Бобан Стајиќ имал 18 бода и шест додавања, додека Бојан Крстевски дошол до девет скокови.[57]
Во третото коло Работнички загубил на гости од Гостивар со 80:70. Најдобри поединци биле Чавдар Костов со 16 бода и осум скокови, и Димитар Караџовски со пет додавања.[58]
Арбитражната комисија при Македонската кошаркарска федерација одбила да го регистрира Ксавиер Џонсон како играч на Работнички.[59]
Мај
Во четвртото коло од Супер лигата, Работнички одиграл како домашна екипа во салата Негорски Бањи во Гевгелија. Работнички загубил против Блокотехна НБ со 63:82. Дариус Вашингтон имал 25 бода, Димитар Караџовски завршил со седум скокови и пет додавања, исто скокови како и Ѓорѓи Чековски.[60]
Во петтото коло Работнички на гости загубил од МЗТ Аеродром со 85:63. Чавдар Костов имал 18 бода и шест скокови, исто скокови како и Марјан Јанески, а Димитар Караџовски бил со три додавања.[61]
По поразот од МЗТ Аеродром, Работнички и Дариус Вашингтон ја прекинале соработката.
Во шестото коло Работнички во салата Младост, како дома, го победил Куманово 2009 со резултат 97:71. Најистакнати кошаркари биле Бобан Стајиќ со 24 бода, 12 додавања и четири скокови, ист број на скокови како и Чавдар Костов, Димитар Караџовски и Марјан Јанески.[62]
Во седмото коло Работнички на гости победил против Кожув со 79:85. Најистакнат стрелец и скокач бил Чавдар Костов со 22 бода и осум скокови, а Бобан Стајиќ имал по пет додавања.[63]
Во осмото коло Работнички, како домаќин во салата Перо Наков во Куманово,[64] го поразил Гостивар со 99:70. Чавдар Костов имал 28 бода, најдобар скокач и додавач бил Бобан Стајиќ со седум скокови и пет додавања.[65]
Во деветтото коло Работнички на гости изгубил од Блокотехна НБ со 90:89. Најдобри стрелци биле Димитар Караџовски, забележал и шест додавања, и Чавдар Костов со 20 бода. Марјан Јанески и Костов завршиле со шест скокови.[66]
Во десеттото коло Работнички дома, во салата Перо Наков,[67] победил против МЗТ Аеродром со 88:84. Наистакнат бодтер и скокач бил Чавдар Костов со 24 бода и 12 скокови, додека Димитар Караџовски стигнал до осум додавања.[68]
Во првиот натпревар од полуфиналето на разигрувањата, Работнички како домаќин во Вип арената ја победил Блокотехна НБ со 87:79. Најдобар стрелец бил Ѓорѓи Чековски со 25 бода, најдобар скокач бил Чавдар Костов со 15 скокови, а Димитар Караџовски остварил 11 додавања.[69]
Во вториот натпревар од полуфиналето, Работнички на гостински терен загубил од Блокотехна НБ со 85:58. Најдобар бодтер бил Димитар Мираковски со 11 бода, најистакнат скокач бил Ѓорѓи Чековски со девет скокови, а најуспешен додавач бил Бобан Стајиќ со четири асистенции.[70]
Во третиот натпревар од полуфиналето, Работнички во Вип арената ја поразил Блокотехна НБ со 91:73. Најдобар стрелец и скокач бил Чавдар Костов со 19 бода и 12 скокови, а Димитар Караџовски завршил со девет додавања.[71]
Јуни
Во четвртиот натпревар, Работнички на гости загубил од Блокотехна НБ со 93:79. Најистакнати играчи биле Чавдар Костов со 18 бода, Бојан Крстевски и Стефан Младеновиќ со по пет скокови, и Ѓорѓи Чековски со шест додавања.[72]
Во третиот натпревар, Работнички со резултат од 88:78, повторно победил дома и со 3:2 во победи ја елиминирал Блокотехна НБ. Најдобри стрелец и скокач бил Чавдар Костов со 27 бода и 11 скокови, додека најистакнати додавачи, со шест додавања, биле Марјан Јанески, Бобан Стајиќ и Димитар Караџовски.[73]
Во првиот натпревар од финалето, Работнички како гостин бил поразен од МЗТ Аеродром со 80:44. Марјан Јанески имал 13 бода и пет скокови, исто скокови како и соиграчите Ѓорѓи Чековски и Димитар Караџовски кој па остварил пет додавања.[74]
Во вториот натпревар од финалето, Работнички дома бил поразен од МЗТ Аеродром со 60:69. Најдобар играч бил Чавдар Костов со 19 и пет додавања, исто додавања како и Бобан Стајиќ, а најдобар скокач бил Ѓорѓи Чековски со десет скокови.[75]
Во третиот натпревар Работнички на гости бил победен од МЗТ Аеродром со 85:78 и со 3:0 во победи загубил и станал вицепрвак на Првенството. Најдобри бодтери биле Ѓорѓи Чековски и Чавдар Костов со 17 бода, Костов имал седум скокови, а Бобан Стајиќ завршил со осум додавања.[76]
Remove ads
Состав и стручен штаб
Играчки состав
Извор: Кошаркарска федерација на Македонија преку web.archive.org eurobasket.com
Играчи кои го напуштиле клубот за време на сезоната
Стручен штаб
Извор: Кошаркарска федерација на Македонија преку web.archive.org
Remove ads
Статистика
Легенда
|
|
Поврзано
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads