Каваклија (Серско)
село во Серско, Егејска Македонија From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Каваклија или Кавакли (грчки: Λευκώνας, Левконас; до 1928 г. Καβακλή, Кавакли[2]) — село во Серско, Егејска Македонија, денес во општината Сер на Серскиот округ, Грција. Сè до 1920-тите било населено исклучиво со Македонци, а денес тие се околу половина од населението.[3]
Remove ads
Географија
Селото се наоѓа во Серското Поле, на 5 км северозападно од градот Сер.
Историја
Во Отоманското Царство
Во XIX век Каваклија било чисто македонско село во Серската каза. Според „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ во 1873 г. во Кавакли (Kavakli) имало 27 домаќинства сочинети од 80 жители Македонци.[4][5]
Во 1891 г. Георги Стрезов вели дека селото е дел од областа Овакол и напишал за него:
„ | Кавакли, чифлик на х. Зеки-бег, како и Вишен. Кавакли е најплодното село по целото поле; пространа земја за орање, градини, ливади, кошари за овци. Се наоѓа на З од градот 1⁄2 час. 50 куќи, македонски.[6][7] | “ |
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) в 1900 година в Кавакли има 270 жители Македонци христијани.[4][8]
Сето население на Каваклија биле под врховенството на Цариградската патријаршија и во него работела грчката пропаганда. По податоци на егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 г. во Кавакли (Kavakli) живееле 328 Македонци патријаршисти[4]. Во селото работело грчко основно училиште со 1 учител и 14 ученици.[9]
Во 1908-1912 г. во Долна Каваклија е изграден гробишниот храм „Успение на пресв. Богородица“.[10]
Во Грција
По Балканските војни во 1913 г. селото е припоено кон Грција согласно Букурешкиот договор. Таа година населението броело 462 жители, кои во 1920 г. се намалиле на 410.[3] Сосема мал број семејства се иселиле во Бугарија под притисок на грчката власт, но во селото сепак биле доведени грчки колонисти. Во 1928 г. селото е преименувано во Левкон. На пописот од таа година Каваклија е заведено како етнички мешано село со 1.514 жители[3] од кои 755 биле дојденци (198 семејства), а остатокот македонски мештани.[11] Владата на дојденците им изградила нови куќи.
Црквата „Св. Ѓорѓи“ в Горно Каваклия е от първата половина на XX век.[12]
Remove ads
Население
Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:
- Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија
Културни и природни знаменитости
- Црква „Успение на Пресвета Богородица“ од 1912 г.
- Црква „Св. Ѓорѓи“ од 1920-тите
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads