Кадрево

село во Воденско, Егејска Македонија From Wikipedia, the free encyclopedia

Кадревоmap
Remove ads

Кадрево или К’дрово[2] (грчки: Άγιος Δημήτριος, Агиос Димитриос; до 1926 г. Κέντροβο/ν, Кедрово/н[3], до 1950 г. Κεδρώνας, Κεδρώνα, Κεδρών, Кедронас, Кедрон, Кедрон;[4] влашки: Cãndrova) — село во Воденско, Егејска Македонија, денес во општината Воден на Постолскиот округ во Централна Македонија, Грција. Населението брои 22 жители (2011).

Кратки факти Кадрево Άγιος Δημήτριος, Земја ...
Remove ads

Географија и местоположба

Селото е сместено 17 км од градот Воден, на северните падини на планината Каракамен, на надморска височина од 790 м.[5]

Историја

Во минатото Кадрево било чисто македонско село, но подоцна населението е преселено во Месимер. Во 1848 г. рускиот славист Виктор Григорович го опишал Кадрево како македонско[6] село.[7]

Во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. во Къдрево (Kydrevo) било село во Воденска каза со 18 куќи и вкупно 78 жители Македонци.[8][9] 1917-18 г. Боривое Милоевиќ го води како село со 100 влашки куќи. Ова се должи нја тоа што, со отселувањето на македонските жители, атарот станал сопственост на турски бег, кој подоцна го откупиле Власи доселени од Епир.[5]

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. го води како село со вкупно 13 Турци.[10], што претставува грешка.[5]

Со Букурешкиот договор во 1913 г. селото е припоено кон грчката држава, кога имало 390 жители[5].

Пописот од 1920 г. укажува дека Кадрево има 573 жители, сите Власи.[5] Во селото силно дејствувала романската пропаганда, и во 1925 г. поголем број семејства се иселиле во Романија.[5] Во 1928 г. селото се свело на 168 жители.[5]. Во меѓувреме, во 1926 г. грчките власти го преименувале во грцизираното Кедронас, за во 1950 г. да го добие наполно грчкото име Агиос Димитриос.

Селото настрадало во Граѓанската војна кога во 1947 г. грчките монархофашистички власти го преселиле населението во Воден[5]. Кадрево не било обновено по нормализацијата на состојбите, па затоа не се ни споменува во пописот од 1951 г.[5] Населението подоцна бележело спорадичен пораст и повторно опаѓање, што всушност се должи на тоа што поранешните жители, кои и денес живеат Воден и другите градски центри и го користат својот имот во селото.[5]

Remove ads

Население

Во деценијата од 2001 до 2011 г. населението на Кадрево речиси тројно се намалило, и покрај забележаниот пораст по иселувањето во претходните децении. Преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:

Повеќе информации Година ...
Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија

Самоуправа и политика

Селото припаѓа на општинската единица Островско Езеро со седиште во Острово, која припаѓа на поголемата општина Воден, во округот Постол. Воедно, селото е дел од општинскиот оддел Острово, каде спаѓаат и гратчето Острово и селата Друшка, Ново Русилово и Русилово.

Стопанство

Сè до напуштањето на селото, жителите се занимавале исклучиво со сточарство.[5]

Личности

Со потекло од Кадрево
  • Христу Кандровјану (1928-1913) — влашки книжевен критичар и поет, роден во Бабук, Силистренска област, Бугарија.

Наводи

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads