Месимер
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Месимер (грчки: Μεσημέρι, Месимери) — село во Воденско, Егејска Македонија, денес во општината Воден на Постолскиот округ во Централна Македонија, Грција. Населението брои 765 жители (2011) и до денес е целосно населено со Македонци.[2]
Remove ads
Географија и местоположба
Селото е сместено 2 км западно од градот Воден, во подножјето на планината Каракамен, на надморска височина од 400 м.[2]
Историја
Местото значајно нараснало во жители во XVIII и XIX век кога во него се доселиле жителите на соседните села Кадрево, Фурка, Ливадица, Алгер, Свети Николци и Свети Ѓорѓи, кои биле разнебитени од разбојнички банди.[2]
Кон крајот на XIX век Месимер било чисто македонско село во Воденската каза. Во допис до весникот „Новини“ во 1892 г. месното население вели дека селото има 140-150 македонски куќи[3], една црква со тројца свештеници и едно бугарско училиште.[4] Во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Месимер (Messimer) имал 120 куќи со вкупно 644 жители Македонци[3].[5] Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. селото имало 880 жители Македонци.[3][6]

Христо Силјанов вели дека Месимер е едно од најбогатите и најпросветени села во Воденско.[7]
На почетокот на XX век селото било растргнато помеѓу две пропаганди, од кои посилна била грчката. Така, според податоците на егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 г. Месимер (Messimer) имало 1.256 жители од кои 296 биле под врховенството на Бугарската егзархија и 960 под Цариградската патријаршија. Во селото работело бугарско училиште со 1 учител и 37 ученици и грчко училиште со 4 учители и 100 ученици.[8] Поради ова, селото имало број активни гркомани.
Со Букурешкиот договор во 1913 г. селото е припоено кон грчката држава, кога населението броело 856 жители[2]. Во патописниот попис од 1917-18 г. Боривое Милоевиќ забележал 190 македонски куќи.[2] Во 1920 г. бројот се намалил на 827, но во 1928 г. се накачил на 961 жител. За време на Втората светска војна селото го окупираат Бугарите и воспоставуваат општина.[9] Во 1940 г. селото броело 1.145 жители.[2] Населението значајно пострадало во Граѓанската војна, па така во 1951 г. се свело на само 706 жители, што се должи на загинатите мештани во борбите, но и отселувањето на поголем број семејства во Република Македонија.[2]
Remove ads
Население
Денес населението на Месимер останува целосно македонско и непроменето.[2]
Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:
- Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија
Самоуправа и политика
Селото припаѓа на општинската единица Воден со седиште во истоимениот град, која припаѓа на поголемата општина Воден, во округот Постол. Воедно, селото е дел од општинскиот оддел Месимер, во кој тоа е единствено населено место.
Стопанство
Селото важи за прилично стопански пасивно. Главни култури се житото, костените, црешите праските и јаболката. Донекаде е развиено и сточарството.[2]
Личности
- Атанас Филчев — револуционер на ВМОРО
- Ване Качов - Манафа — револуционер на ВМОРО
- Васил Караџов (1902-?) — комунистички деец на БКП по иселувањето во Бугарија
- Ѓорѓи Касапчето — револуционер, деец на ВМОРО, загинат пред 1918 г.[11]
- Ѓорѓи Манолов (Γεώργιος Μανωλάκης) — гркомански андартски деец на грчкиот комитет во селото, помагач на четите на Гарефис, Караманолис и Јотов[12]
- Ѓорѓи Поптрифонов (Γεώργιος Παπατρύφων) — гркомански андартски, селски поп и раководител на грчкиот комитет во селото[12]
- Ѓорѓи Стојанов (Γεώργιος Στουγιάννης) — гркомански андартски деец[12]
- Иванчо Христов (Ване Хаџијата) — воденски војвода на ВМОРО
- Јован Нислијата (Ιωάννης Νησιώτης ή Μυλωνάς) — гркомански андартски деец, кординатор на дејствата по оската Воден - Меглен, помагач на дејноста на д-р Китанос и Христос Карапанос; татко му Христо Нисиотис е убиен од ВМОРО во 1905 г.[12]
- Јован Попстојанов (Ιωάννης Παπαϊωάννου, Παπαστογιάννης) — андартски деец, убиен од ВМОРО во февруари 1905 г.[12]
- Костадин Попстојанов (Κωνσταντίνος Παπαστογιάννης) — андартски деец и четник[12]
- Лазо Ханџијта — револуционер, деец на ВМОРО, убиен пред 1918 г.[11]
- Панајот Божинов (1918-1946) — партизан на НОФ
- Христос Пердикас (Χρήστος Περδίκας), грчки андартски деец од трета класа (1905-1907)[12]
Remove ads
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads