Какараска

село во Серско, Егејска Македонија From Wikipedia, the free encyclopedia

Какараскаmap
Remove ads

Какараска (грчки: Αγία Ελένη, Агија Елени; до 1926/1927 г. Κακαράσκα, Какараска или Καράσκα, Караска[2]) — село во Серско, Егејска Македонија, денес во општината Сер на Серскиот округ, Грција. Сè до 1920-тите било населено исклучиво со Македонци, а денес е мешано.[3]

Кратки факти Какараска Αγία Ελένη, Земја ...
Remove ads

Географија

Селото се наоѓа во Серското Поле на 12 км јужно од градот Сер и на 3 км источно од Киспикеси.

Историја

Име

Се смета дека името на селото доаѓа од дијалектниот збор за страчка (Corvus pica) — какараска.[4]

Во Отоманското Царство

На крајот од XIX век Какараска било село во Серската каза. Во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ од 1873 г. Какараска еднаш е претставена како село во Серската каза со 76 домаќинства на 160 жители Македонци, а другпат како село во Демирхисарската каза со 50 домаќинства на 170 Македонци.[5][6]

Во 1891 г. Георги Стрезов напишал за селото:

Какараска, на ЈИ от Бејлик Маала, чифлик од Тефик-бег. Црква грчка. 26 куќи со 150 жители Македонци.[7] Патот рамен, но на места секогаш блатест.[8]

Според Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. Какараска имала 500 жители Македонци.[5][9]

На почетокот на XX век населението на Какараска било под врховенството на Цариградската патријаршија и во него работела грчката пропаганда. По податоци на егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 г. населението на селото се состоело од 336 Македонци патријаршисти и 48 Роми.[5] Во Какараска работело грчко основно училиште.[10] Подоцна селото прешло под врховенството на Бугарската егзархија и имало бугарско училиште, а со тоа и бугарска пропаганда. Во 1908 г. грчки податоци селото имало 40 православни жители.[11]

Во извештај од 20 јануари 1910 г. училишниот инспектор на Бугарската егзархија од Сер напишал:

Какараска е чифлик со 30 куќи – Македонци и Роми[5] кои се откажале од Егзархијата. Чифликот е сопственост на тројца стопани, од кои еден е болницата во Сер. Таа изградила ново училиште само за 4-5 деца. Во селото нема црква. Учителот Иван Спиров ја нема неопходната стручна подготовка и пракса... Учениците се 19, од кои 14 машки и 5 женски.[12]

Во Грција

За време на Првата балканска војна селото е окупирано од бугарска војска, а по Втората балканска војна во 1913 г. е припоено кон Грција согласно Букурешкиот договор. Таа година имало само 22 жители, кои во 1920 г. се накачиле на 186, што говори за тоа дека настрадало во Втората балканска војна.[3] Во 1922 г. во Какараска се доведени Грци од селото Кости, југоисточна Бугарија, чии потомци и до денес практикуват нестинарство. На пописот од 1928 г. Какараска било етнички мешано село со 371 жител,[3] од кои 196 лица (52 семејства) биле дојденци, а останатите македонски мештани.[13]

На 28 декември 1926 г. селото е преименувано во Агија Елени, но името официјално стапило на сила во 1927 г.[2][14]

Во 1933 г. е изградена црквата „Св. Константин и Елена“.[15]

Remove ads

Население

Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:

Повеќе информации Година ...
Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија

Наводи

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads