Кангалич
село во Солунско, Егејска Македонија From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Кангалич или Кајали (грчки: Βραχιά, Врахиja; до 1928 г. Καγιαλή, Кајали[2]) — село во Солунско, Егејска Македонија, денес во општината Делта на Солунскиот округ во областа Централна Македонија, Грција. Сè до 1920-тите било населено со Македонци и нешто Роми.[3]
Remove ads
Географија
Селото се наоѓа во областа Вардарија во Солунското Поле, североисточно од градот Солун.
Историја
Во Отоманското Царство
Селото датира од XV век. Во XVII–XVIII век имало околу 80 куќи.[4] Името Кајали на турски значи карпесто. Околу Кангалич имало многу блата бидејќи селото се наоѓа меѓу два мали ракава на Вардар, а трет минува низ самото село. Жителите страдале од недостаток на здрава вода за пиење и користеле речна вода која ја филтрирале.[5]
Во 1878 г. Кајли (Kaïli) е заведено со 420 жители. На крајот од XIX век селото било чифлик на Талат-бег. Селаните одгледувале овес, јачмен, ’рж, пченка, сусам, зеленчук, како и биволи, коњи, крави и овци. Тие се занимавале и со риболов во водите на Вардар и Долното Езеро.[5]
Васил К’нчов во „Македонија. Етнографија и статистика“ во 1900 г. го спомнува селото двапати — еднаш како Кајали (Къяли) со 348 жители Турци и вторпат како Кангалич (Кънглич) со 240 Македонци и 60 Роми.[6][7] Според тенденциозниот асимилаторски попис од 1905 г. во селото имало 222 „Грци“.[4] Според Христо Силјанов по Илинденското востание во 1904 г. целото село (Канголич) преминало под врховенството на Бугарската егзархија.[8] Според егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 г. во Кангалич (Kangalitch) живееле 480 Македонци, сите под егзархијата.[6][9]
Според грчки извори селото е (присилно) вратено под врховенството на Цариградската патријаршија од грчките чети на капетаните Гоно Јотов и Константинос Буковалас.[10]
Според грчки податоци од 1905 г. селото имало 222 жители кои биле „гркојазични и словенојазични“, како и Роми муслимани.[11]
Според извештај на Димитриос Сарос од 1906 г. Кајали (Καγιαλί) е „словенојазично“ село во Кулакиската епископија со 245 жители (145 мажи и 100 жени) со наводна грчка свест. Во селото работело грчко основно училиште со 28 ученици (26 машки и 2 женски) и 1 учител.[12]
Во 1910 г. во селото имало 220 православни жители и 20 муслимански жени.[13]
Во Грција
За време на Балканските војни селото е окупирано од грчка војска и во 1913 г. е припоено кон Грција. Во пописот од 1913 г. Кангалич се води како село со 217 жители (151 мажи и 120 жени).[14] Боривое Милоевиќ напишал во 1921 г. („Јужна Македонија“) дека Кангалиќ (Кангалић) има 25 македонски и турски 10 куќи.[15] Во 1920-тите години во селото се доведени туркојазични Грци од Мала Азија.[3] Според пописот од 1928 г. Кангалич е мешано село од староседелци и 11 дојденски демејства сочинети од 32 лица.[16] Извесен број Македонци се преселиле во Бугарија. По исцедувањето на Ениџевардарското Езеро и околните блата се добило мошне плодно земјиште, и тука биле доведени уште грчки колонисти.[3]
Remove ads
Население
Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:
- Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads