Каранфил
род цветни растенија From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Каранфил (науч. Dianthus) — род со околу 300 вида на цветни растенија од семејството каранфили (Caryophyllaceae). Автохтони се на Европа и Азија, со неколку вида во северна Африка и еден вид (D. repens) во Северна Америка. Во Македонија и разни други земји, каранфилот (поточно градинарскиот каранфил) е симбол на првомајството и партизанското движење.

(D. myrtinervius)



Remove ads
Опис
Претставниците на родот се претежно зелјести и повеќегодишни, со тоа што некои се едногодишни и двегодишни. Некои имаат облик на полугрмушки со дрвенести стебленца. Листовите се спротивставени, прости и линеарни со сивозелена до синозелена боја. Цветовите имаат по пет ливчиња со набрани рабови и (речиси сите) имаат светлорозова до темнорозова боја. Еден вид (D. knappii) има жолти цветови со виолетова средина. Извесни повеќегодишни видови имаат карактеристичен опоен мирис.
Remove ads
Ендемски каранфили во Македонија
Во Македонија виреат разни видови на каранфили, од кои некои се заеднички за поширокиот регион или континентот, но некои се ендемски:
- галичичко каранфилче (Dianthus galicicae ) — на варовничка подлога во месноста Војтина на планината Галичица, југозападна Македонија.[1]
- јабланички каранфил (Dianthus jablanicensis ) — субалпскиот појас на планината Јабланица, југозападна Македонија.[2]
- јакупички каранфил (Dianthus jacupicensis ) — на Солунска Глава и Марина Дупка, во состав во високопланинскиот појас на планината Јакупица, централна Македонија.[3]
- кајмакчалански каранфил (Dianthus kajmaktzalanicus ) — на планината Кајмакчалан, јужна Македонија.[4]
- капински каранфил (Dianthus kapinaensis ) — долното течение на реката Треска, Барбарос кај Македонски Брод, кај Капина и Оча во Поречието и во с. Нова Брезница во околината на Скопје.[5]
- македонски каранфил (Dianthus macedonicus) — на планината Крчин, западна Македонија.[6]
- охридско каранфилче (Dianthus ohridanus ) — на планината Галичица, југозападна Македонија.[7]
- пелистерски каранфил (Dianthus myrtinervius ) — во алпскиот и субалпскиот појас на Пелистер (Баба Планина), југозападна Македонија. Фигурира на Црвениот список на МСЗП (1997) како загрозен вид.[8]
- прилепски каранфил (Dianthus prilepensis ) — Маркови Кули, Трескавец, Плетвар, Селечка Планина и Мариово во околината на Прилеп и с. Светораче, Кичевско.[9]
- скопски каранфил (Dianthus skopjensis ) — во клисурата на реката Треска, меѓу Козјак и Нова Брезница.[10]
Remove ads
Одгледување
Каранфилот има подолга историја на одгледување и вкрстување, па затоа постојат илјадници градинарски и цвеќарски сорти со многу нијанси на бела, розова, жолта и црвена боја и огромна разновидност на облици и белези. Одгледуваните каранфили можат да се поделат на обрабени, вечноцутни, малмезонски, старински, современи и планински.[11]
Некои видови
|
|
Remove ads
Каранфилот како тема во уметноста и во популарната култура
Поврзано
- Каранфилче — несродно растение што се користи како мирудија
- Каранфилска револуција — државен преврат во Португалија (1974)
- Кирил Мицевски — проучувач на македонските ендемски каранфили
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads