Нова Брезница

село во Општина Сопиште From Wikipedia, the free encyclopedia

Нова Брезницаmap
Remove ads

Нова Брезница (порано нарекувана Пуста Брезница) — село во Општина Сопиште, во околината на градот Скопје.

Кратки факти
Remove ads

Географија и местоположба

Селото е дел од областа Торбешија. На север е Сува Гора, а на југ Караџица.

Историја

Селото се споменува во турските пописни дефтери од 1467/68 година, како дел од Скопскиот Вилает и имало 23 семејства и 1 вдовица, сите христијани.[2]

Во XIX век, селото е дел од нахијата Каршијак во Скопската каза во Отоманското Царство.

Според податоците од 1878 година, во селото имало 16 домаќинства во 62 жители христијани (Македонци)[3]

Население

Повеќе информации Година, Нас. ...

Според опширните османлиски дефтери за населението на Скопската Каза од 1832/33 година, селото било христијанско, каде имало 30 христијански домаќинства. На овој попис биле забележани 87 мажи христијани, со 6 новороденчиња. Се проценува дека селото во тој период имало 186 жители.[4]

Стефан Верковиќ во 1857 година го забележува со 92 жители.[5]

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Пуста Брезница живееле 540 жители, од кои 360 Македонци[6] и 180 Албанци[7].[8] Според егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Пуста Брезница имало 256 Македонци[6], под врховенството на Бугарската егзархија.[9]

На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Пуста Брезница се води како чисто македонско село во Кичевската каза на Битолскиот санџак со 30 куќи.[10]

После Втората балканска војна, 1913 г. селото влегува во границите на Србија, како дел од општина Говрлево и има 535 жители.[11]

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралство Југославија во 1931 година, селото имало 700 Македонци.[12]

Според пописот од 2002 година, во селото имало 85 жители, од кои 83 Македонци, 1 Србин и 1 друг.[13]

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 33 жители, од кои 25 Македонци и 8 лица без податоци.[14]

Според проценка од 2024 година селото Нова Брезница имало население од околу 50 жители.

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Повеќе информации Година ...
Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[15]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[16]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[17]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[18]

Родови

Нова Брезница (порано Пуста Брезница) — македонско село.

Според истражувањата од 1950 година. Родови во селото биле:

  • Доселеници: Синадиновци (18 к.) први доселеници. Една нивна гранка се вика Марковски. Доселени се кон крајот на XVIII век од селото Здуње во Порече. Таму имаат истоимени роднини; Бошковци (3 к.) гранка се од родот Синадиновци, со кои биле еден род порано; Трпевци (16 к.) доселени се на почетокот на XIX век од селото Томино Село во Порече. Подалечно потекло имаат од сега раселениот град Закамен во Малесија. Го знаат следното родословие: Китан (жив на 60 г. во 1950 година) Коце-Петре-Станко-Трпе, кој се доселил; Ѓоревци (7 к.), Миленковци (11 к.) и Ѓоргијовци (10 к.) доселени се од Манастирец во Порече (денес Горни и Долни). Во родот Ѓоревци се знае следното родословие: Цветан (жив на 57г. во 1950 година) Ѓоргија-Анѓеле-Ѓоре, кој се доселил. Во родот Миленковци се знае следното родословие: Миладин (жив на 54г. во 1950 година) Билбил-Трајко-Миленко, кој се доселил во селото; Велковци (14 к.) се делат на Тасевци и Велевци. Доселени се од селото Здуње во Порече; Крстевци (4 к.) доселени се од селото Брест во Порече. Го знаат следното родословие: Вељан (жив на 58г. во 1950 година) Мате-Саве-Крсте, кој се доселил; Стевановци (8 к.) доселени се од селото Ковач во Порече. Го знаат следното родословие: Стојко (жив на 40г. во 1950 година) Стојан-Ристо-Стеван, кој се доселил; Здравевци (8 к.) доселени се од Бабуна во Велешко; Стојчевци (5 к.) доселени се од Брезница во Порече; Стаменковци (2 к.) доселени се од Белица во Порече; Василевци (5 к.) и Плавичовци (7 к.) доселени се од раселеното село Букурци во клисурата на реката Треска. Во првиот род се знае следното родословие: Дукадин (жив на 44 г. во 1950 година) Иван-Јован, кој се доселил во селото.[19]
Remove ads

Културни и природни знаменитости

Цркви[20]
  • Црква „Св. Никола“ — главната селска црква. Обновена во 1990 година;[21]
  • Црква „Св. Талалеј“;
Археолошки наоѓалишта
  • Фоја — некропола од доцниот среден век;
Пештери
  • Ледена - пештера на н.в.од 990 м;
  • Блажева пештера;

Личности

Личности родени во Нова Брезница:

  • Блаже Стојановски (1922-1944) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ
  • Апостол Димевски (1924-1945) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ
  • Дуке Атанасовски (1925-1945) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ
  • Блажо Милевски (1926-1945) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ
  • Цветко Бошковски (1928-1945) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ
  • Бошко Стојковски. Македонски партизан учесник во НОВ сремски фронт.. 1924-2022.
  • Радим Трајковски (1913-1997) - македонски партизан, борец за слобода на Македонија, учесник во НОВ на Сремски фронт.
  • Миљадин Трајковски - Комита во Османлиско време и потоа Македонски партизан, учесник во НОВ.
  • Ицо Трајковски - Македонски партизан, учесник во НОВ.
Remove ads

Поврзано

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads