Светораче
село во Општина Кичево From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Светораче (познато и како Светорача) — мало село во областа Рабетинкол, во Општина Кичево, во околината на градот Кичево.
Селото било познато и како Световраче, Световрачи или Свети Врач.
Remove ads
Етимологија
Се претпоставува дека името на селото дошло од некогашниот раносредновековен манастир „Св. Кузман и Дамјан“ („Св. Врачи“), кој се наоѓал во селото.[2]
Географија и местоположба

Селото се наоѓа во областа Рабетинкол, во Кичевската Котлина, во источниот дел на Општина Кичево.[3] Селото е ридско, на надморска височина од 890 метри. Од градот Кичево е оддалечено 20 километри.[3]
Куќите на ова мало село се наоѓаат во самата долина на Рабетинска Река. Околни села се: Речани, Крушица, Козичино, Дупјани и Рабетино.[2] Селото се наоѓа помеѓу планините Челоица и Песјак.
Месностите во атарот на селото ги носат следниве имиња: Лаки, Вељјарен, Веско Гроб, Бучејца, Стари Куќи, Чуки, Зад Црква, Тумба, Вртиште, Зад Ќулевци, Мелои, Солишта, Калуѓерово, Саџана Ливада, Кижево Нивче, Средњак, Турски Рид, Подвалајца, Чаушица, Фанзојца, Турчинов Камен, Влашки Камен, Зла Осојница, Јачмишта, Марковец, Копилоо Камче, Чистина, Столец, Вис, Орманоец, Велче, Ралеи Трла и Умишта.[2]
Селото е поделено на две маала, Горно и Долно, кои се оддалечени околу 300 метри. Долното Маало е поголемо и позначајно.[2]
Remove ads
Историја

Светораче е старо село во Кичевската Котлина. Под истото име се споменува во турските пописни дефтери во втората половина на XV век, кога имало 59 словенско-христијански семејства.[2]
На местото на селото некогаш се наоѓа средновековниот манастир „Св. Врачи“, кој ја заземал скоро целата земја во сливот на Рабетинска Река. Манастирот поседувал многу кози, овци, пчелни кошници, обработлива земја, како и шума. Козите биле чувани во Козичино, овците во месноста Шилеговац (денес маало на Козичино), додека пчеларниците се наоѓале во месноста Уљјаник во Речани. Манастирот бил уништен за време на отоманскиот период, но не се знае кога и како. По неговото уништување биле основани помали села, а дел од земјата ја зазеле и кичевските аги.[2]
Денешното село било обновено по уништувањето на манастирот. Прво се населиле три домаќинства во месноста Стари Куќи на левиот брег на реката. Од тие домаќинства потекнуваат денешните родови во Долното Маало (Кижевци, Богдановци и Ѓулевци). Но, ја напуштиле таа положба по поплава од реката. Горното Маало е основано од помлади доселеници.[2]
Во XIX век, Светораче било село во Кичевската каза на Отоманското Царство.
Во учебната година 1900/1901 година во селото учителствувал македонскиот револуционер Ѓорѓи Сугарев.
Во 1903 година селото било запалено од муслиманите во Кичевско, откако еден Арбанас Рамазан од Гарани зазел некои ниви во атарот на селото и бил убиен од комита.[2]
Стопанство

Атарот зафаќа простор од 5,3 км2. На него преовладуваат шумите на површина од 364 хектари, на обработливото земјиште отпаѓаат 86 хектари, а на пасиштата 68 хектари.[3]
За време на отоманската власт, обработливото земјиште било во посед на селаните, односно немало чифлици.[2]
Население
Според податоците од 1873 година, селото имало 22 домаќинства со 94 жители христијани (Македонци).[4]
Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 година, во селото Светораче имало 225 жители, сите Македонци.[5] Според егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“), во 1905 година во Светораче имало 240 жители, под врховенството на Бугарската егзархија.[6]
На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Световрач се води како чисто македонско село во Кичевската каза на Битолскиот санџак со 30 куќи.[7]
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралство Југославија во 1931 година, селото имало 150 Македонци.[8]
Селото е мало, во фаза на наполно раселување, населено со македонско население. Тоа, во 1961 година броело 106 жители, а во 1994 година само 10 жители.[3]
Според пописот од 2002 година, во селото Светораче живееле 6 жители, сите Македонци.[9]
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 9 жители, сите Македонци.
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
- Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[10]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[11]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[12]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[13]
Родови
Во селото Светораче живеат Македонци од православна вероисповед. Селото има и староседелци и доселеници.[2]
Според истражувањата на Јован Трифуноски во 1960-тите години родови во селото се:
- Староседелци: Кижевци (12 к.), потекнуваат од „манастирски работници“ на планината Песјак. Во атарот на селото постои месност Кижево Нивче. Кижевци се познат род во источниот дел на Кичево, предците Апостол и Ѓоргија биле големи сточари и имале околу 500 овци и исто толку кози. Во Битола имале касапница. Куќите во селото им се наоѓаат во Долно Маало и Богдановци (5 к.), и тие потекнуваат од „манастирски работници“ куќите исто така им се наоѓаат во Долно Маало.
- Доселеници: Шоповци (5 к.), доселени се од некое сега албанско село во Зајашка жупа. Населението од селата од Зајас нагоре во минатото биле нарекувани Шопски, оттука и името Шоповци и Ѓулевци (1 к.), потекнуваат од некој Ѓуптин (Ром). Овој род отсекогаш имал едно домаќинство.
Според истражувањата пак на Тома Смиљаниќ во периодот од 1921-1926 година родови во селото се:[14]
- Горно Маало: Марковци (1 к.), Мареновци (3 к.), Димовци (2 к.), Мишковци (1 к.) и Мицковци (1 к.);
- Долно Маало: Ѓуревци (10 к.), Степановци (3 к.) и Кижевци (3 к.).
Remove ads
Општествени установи

- Месна заедница
- Поранешно основно училиште „Иво Лола Рибар“
Самоуправа и политика
Селото влегува во рамките на Општина Кичево, која била проширена по новата територијална поделба на Македонија во 2013 година. Во периодот од 1996-2013 година, селото се наоѓало во некогашната Општина Вранештица.
Во периодот од 1965 до 1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата општина Кичево. Селото припаѓало на некогашната општина Кичево во периодот од 1955 до 1965 година.
Во периодот 1952-1955, селото било дел од тогашната Општина Орланци, во која покрај селото Светораче, се наоѓале и селата Дупјани, Козичино, Крушица, Миокази, Орланци, Патец, Рабетино, Речани и Челопеци. Светораче во периодот 1950-1952 било седиште на некогашната Општина Светораче, во која тогаш влегувале селата: Дупјани, Козичино, Крушица, Речани, Рабетино, Светораче и Патец.
Избирачко место
Во селото се наоѓа избирачкото место бр. 0811 според Државната изборна комисија, сместено во месната заедница. Во ова избирачко место е опфатено и селото Крушица.[15]
На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 12 гласачи.[16]
На парламентарните избори во 2020 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 12 гласачи.[17]
Remove ads
Личности
Личности родени во Светораче:
- Богдан Ѓорѓиоски (1920-1944) — македонски партизан, учесник во НОВ
- Танаско Стефаноски (1911-1944) — македонски партизан, учесник во НОВ
- Стојан Трајаноски (1917-1945) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ
Културни и природни знаменитости

- Археолошки наоѓалишта[18]
- Светораче — некропола од средниот век;
- Св. Кузман и Дамјан — црква од доцниот среден век;
- Цркви[19]
- Црква „Св. Кузман и Дамјан“ — главна селска црква
Во минатото во селото постоел и манастирот „Св. Кузман и Дамјан“ („Св. Врачи“). Исто така, Јован Трифуноски наведува и средновековна црква „Св. Атанас“, веднаш до главната селска црква.
- Споменици
- Споменик за загинатите борци во НОБ од областа Рабетинкол
- Реки[20]
- Патејчка Река — мала река, која се влева во Рабетинска Река во селото
Редовни настани
- Св. Кузман и Дамјан — главна селска и црковна слава
Иселеништво
Родот Маренкови се иселил во Кичево и во Белград, а живееле во Горно Маало. Се знае за 28 иселени домаќинства, главно во Белград.[2]
Галерија
- Горно Светораче
- Куќи во селото
- Влезот во некогашното училиште
- Рабетинска Река во селото
- Сокак во Горно Светораче
Наводи
Поврзано
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads