Карачали (Драмско)
село во Драмско, Егејска Македонија, Грција From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Карачали (грчки: Μαυρόβατος, Мавроватос[2]) — село во Општина Драма во Драмскиот округ, Егејска Македонија, денес во областа Источна Македонија и Тракија, Грција.
За селото во Берско, видете Карачали (Берско).
Remove ads
Географија и местоположба
Селото се наоѓа на 42 километри југозападно од градот Драма, на надморска височина од 80 метри.
Историја
Отоманско Царство
Селото во текот на XIX век се наоѓало во Драмската каза во составот на Отоманското Царство. Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 година селото имало 67 Роми и 67 жители Македонци[3][4].
Грција
По крајот на Балканските војни, селото било вклучено во составот на Грција.
Според грчката статистика од 1913 година, селото се споменува како разрушена населба, додека според пописот од 1920 година, во селото живееле 7 луѓе[5].
Според Лозанскиот договор потпишан помеѓу Турција и Грција, во селото било населено грчко население од Турција.
Remove ads
Демографија
Во 1928 година во селото биле населени 129 грчки бегалски семејства со вкупно 479 луѓе[5]. Така, според пописот од 1928 година во селото живееле 479 лица, додека во 1940 година селото броело 712 жители. Селото во пописот од 1951 година броело 525 жители, на пописот од 1961 година, во селото живееле 679 жители, во 1971 година имало 525 жители, во 1981 година имало 632 жители, додека во 1991 година имало 611 жители[5]. Денеска, населението на селото е 736 жители според пописот од 2011 година.
Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:
- Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads