Караџали (Дојранско)
село во Дојранско, Егејска Македонија From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Караџали ([Καλλιρρόη, Калирои, до 1927 Καρατζαλή, Караџали] Error: {{Langx}}: text has italic markup (help))[1] — село во Општина Кукуш во Кукушкиот округ, Егејска Македонија, денес во областа Централна Македонија, Грција.
За селото во Лагадинско, видете Караџали (Лагадинско).
Remove ads
Географија и местоположба
Селото се наоѓа на 30 километри северно од градот Кукуш и на неколку километри од грчко-македонската граница, во близина на североисточниот брег на Дојранското Езеро, во северните разгранки на планината Круша. Селото се наоѓа на надморска висина од 220 метри.
Историја
Во XIX век Караџали е мешано македонско-турско село во Дојранската каза на Отоманското Царство. Во „Етнографија на Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Караџали се состоело од 25 куќи со 21 жител-муслиман и 37 Турци.[2][3]
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 година Караџали имало 85 Турци.[4]
По Втората балканска војна селото било вклучено во составот на Грција. Голем дел од муслиманското население заминало од селото кон Турција и на негово место било населено грчко население. По Првата светска војна, селото не се споменува, бидејќи било распаднато и напуштено. Во 1927 години селото било прекрстрно во Калирои.[5]
Remove ads
Демографија
Во 1928 година селото било чисто бегалско со 18 семејства и 69 жители-бегалци[6], додека во 1940 година селото броело 127 жители. Во текот на Втората светска војна, како и во текот на Грчката граѓанска војна, селото настрадало. Поради тоа, голем дел од населението го напуштило селото и заминало на побезбедно место. Селото во пописот од 1951 година броело 83 жители, на пописот од 1961 година, во селото живееле 88 жители, во 1971 година имало 85 жители, во 1981 година имало 65 жители, додека во 1991 година имало 55 жители. Денеска, населението на селото е 40 жители.
Преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:
- Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads