Караџали (Лагадинско)
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Караџали (грчки: Ευαγγελίστρια, Евангелистрија, до 1927 Караџали[2]) — село во Општина Лагадина во Солунскиот округ, Егејска Македонија, денес во областа Централна Македонија, Грција. Населението брои 97 жители (2021).
За селото во Кукушкиот округ, видете Караџали (Дојранско).
Remove ads
Географија и местоположба
Селото се наоѓа на неколку километри од градот Лагадина на Богданска Планина и на североисточниот брег од Лагадинско Езеро. Селото се наоѓа на надморска височина од 507 метри.
Историја
Во XIX век Караџали е турско село, кое припаѓало кон Лагадинската каза на Отоманското Царство. Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 година селото имало 140 жители Турци[3][4].
Во текот на Втората балканска војна, селото било окупирано од страна на грчките војски[5]. По крајот на Балканските војни, селото било вклучено во составот на Грција. На пописот од 1913 година биле евидентирани 158 жители, додека на пописот од 1920 година, селото не било евидентирано.
Според Лозанскиот договор, во селото било населено грчко население од Мала Азија, Источна Тракија и Понд, додека муслиманското население било принудено да си замине од селото. Во 1927 година, селото било преименувано во Евангелистрија.[6]
Remove ads
Население
Во 1928 година селото броело 289 жители.[7], додека во 1940 година селото броело 449 жители.
Селото во пописот од 1951 година броело 617 жители, на пописот од 1961 година, во селото живееле 607 жители, во 1971 година имало 518 жители, во 1981 година имало 419 жители, додека во 1991 година имало 478 жители[8]. Денеска, населението на селото е 183 жители според пописот од 2001 година.
Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:
- Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија
Културни и природни знаменитости
- Црква „Св. Ѓорѓи“ од 1952 г.
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads