Кеплер-452
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Кеплер-452 — жолто џуџе на растојание од 1.402 светлосни години од Земјата[1] во соѕвездието Лебед.[3] Иако слична по температура со Сонцето, таа е 20% посјајна, 3,7% помасивна и за 11% поголема.[4][5] Покрај овие податоци, ѕвездата е приближно е со старост од 6 милијарди години и поседува висока металичност.[6] Сепак, Кеплер-452 може да се смета за сончеволика ѕвезда, исто така може да се смета за сончеволика ѕвезда и поради својата старост.[б 1]
Remove ads
Номенклатура и историја

Пред да биде набљудувана о мисијата Кеплер, Кеплер-452 имала 2MASS каталошки број 2MASS 19440088+4416392. Во внесниот Кеплеров каталог, ја имала ознаката KIC 8311864 кога се одредило дека има планетарен кандидат, ја добила ознаката занимливо Кеплерово тело со број KOI-7016.
Планетарните кандидати биле забележани околу ѕвездата од страна на вселенското летало Кеплер, дел од мисиите на НАСА, со цел да се забележат планети во премин околу матичните ѕвезди. Методот на премин кој го користи Кеплере се забележува како намалување на сјајноста на ѕвездите. Овие падови на сјајноста може да се протолкуваат како планети кои во својата орбита минуваат пред ѕвездата гледано од Земјата, иако постои можност и други појави да се причина, па затоа се користи поимот „планетарен кандидат“.[9]
По прифаќањето на научниот труд за откривањето на планетата, екипата на Кеплер на ѕвездата и ја додели ознаката Кеплер-452, што е воспоставената процедура за именувањето на вонсончевите планети забележани од страна на самата мисија.[6][10] Сепак, ова еименувањето ќе го користи јавноста за да ја именува ѕвездата и нејзината планета.
Планетарните кандидати кои се дел од ѕвездите цел на мисијата Кеплер се означуваат со ознаките „.01“, „.02“, „.03“ итн.. по името на ѕвездата, по редослед на забележување.[2] Ако планетарните кандидати се забележани едновремено, подредувањето следи по редоследот на орбиталните периоди од најкусиот кон најдолгиот орбитален период.[2] Следејќи ги овие правила, била забележана само една планета, со орбитален период од 384,843 денови. Името Кеплер-452 произлегува од фактот што ѕвездата е 452-та забележана ѕвезда од сстрана на Кеплер околу која има планети.
Ознаката b, произлегува од редоследот на откритијата. Ознаката b се задава на првата планета во системот околу ѕвездата, по што следат и другите мали букви од латинската азбука.[11] Во случајот на Кеплер-452, постои само една планета, па се употребува само ознаката b.
Remove ads
Ѕвездени одлики
Кеплер-452 е жолто џуџе со приближно 104% од масата и 111% од полупречникот на Сонцето. Има температура од 5.757 K и има старост од околу 6 милијарди години. За споредба, Сонцето е со старост од 4,6 милијарди години[12] и има температура од 5.778 K.[13]
Ѕвездата е богата со метали, односно металичност (Fe/H) од околу 0,21, или за околу 162% има повеќе железо и други потешки метали од Сонцето.[6] Сјајноста на ѕвездата е нормала за ѕвезда како Кеплер-452, со сјајност 120% од онаа на Сонцето.
Со привидна величина од 13,426, истата не може да се забележи со човеково око.
Remove ads
Планетарен систем
Ѕвездата е домаќин на една вонсончева планета, Кеплер-452b, забележана во јули 2015 година од страна на вселенското летало Кеплер. Оваа планета е позната по тоа што има одлики слични на Земјата, од кои најзначајни се нејзината големиа, орбита и ѕвезден тек. Таа е првата потенцијална суперземја[14] која е во орбита во животопогодниот појас и абиогенезна зона на ѕвезда слична на Сонцето.[4][15] Можно е да има и површинска температура слична со онаа на Земјата (планетата има рамнотежна температура од приближно 265 K (−8 °C; 17 °F) (рамнотежната температура на Земјата е за само 10 K поладна). Сепак, матичната ѕвезда е со старост од 6 милијарди години (скоро 1,5 милијади години постара од Сонцето). Од оваа причина, Кеплерr-452b прифаќа околу 10% повеќе ѕвездено зрачење отколку што прифаќа Земјата денес. Доколку Кеплер-452b е стеновита планета, можно е да е подложена на бесконтролен стакленички ефект. Сепак, поради својата маса (шроценет на околу 5 M🜨), можноо е да го спречи ова за одреден период (околу 500 милиони години). Без разлика на се, планетата е една од најземјоликите планети откриени досега од страна на екипата на Кеплер.
Споредба со Сонцето
Оваа табела го споредува Сонцето со Кеплер-452.
Remove ads
Белешки
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads