Кејти Пери

американска поп-пејачка From Wikipedia, the free encyclopedia

Кејти Пери
Remove ads

Кетрин Елизабет Хадсон (англиски: Katheryn Elizabeth Hudson, 25 октомври 1984 ) или попозната како Кејти Пери (Katy Perry) е американска пејачка и текстописец.

Кратки факти Кејти Пери, Животописни податоци ...
Remove ads

Животопис

Кејти Пери е родена и израсната во Санта Барбара, Калифорнија, во религиозно семејство на евангелисти, така што слушала само религиозна музика.

Пери имала долга врска со Трави Меккој, а се омажила со Расел Бренд на 23 октомври 2010 година.[1] Во 2012 година, таа се развела од Расел Бренд, по што започнала бурна врска со музичарот Џон Маер, со кого неколкупати се разделила и повторно се смирила.[2]

Remove ads

Музичка кариера

По завршувањето на средното училиште, Кејти Пери ја започнала својата музичка кариера. Како Кејти Худсон, таа издала госпел албум наречен како неа во 2001 година, кој поради затворањето на нејзината издавачка куќа, бил прогласен за неуспешен. Таа подоцна снимила албум со продукцискиот тим „The Matrix“ и завршила поголем дел од својот соло албум од 20042005 година, но ниту еден не бил издаден.

Откако потпишала со Capitol Music Group во 2007 година, нејзината четврта издавачка куќа за седум години, таа го присвоила името Кејти Пери и во ноември истата година го издала својот прв интернет сингл „Ur So Gay“, кој го привлекол внимание на публиката, но не се искачил на топ-листите. Нејзината слава се зголемила со издавањето на нејзиниот втор сингл „I Kissed a Girl“ во 2008 година, кој се искачил меѓу првите места на топ-листите ширум светот. Подоцна, во истата година, излегол првиот студиски албум на Кејти Пери, One of the Boys кој се пласирал на 33. место на списокот на најпродаваните албуми во светот во 2008 година.[3] Албумот добил платинска сертификација од RIAA, додека „I Kissed a Girl“ и нејзиниот втор сингл „Hot n Cold“ добиле повеќеплатинска сертификација. Нејзиниот следен студиски албум Teenage Dream бил издаден во август 2010 година и се искачил на првото место на „Билборд 200“. Албумот ги вклучувал хит-сингловите „California Gurls“, „Teenage Dream“, „Firework“ и „E.T.“ и сите се искачиле на „Билборд Хот 100“.[4]

Во текот на 2014-2015 година, Пери била на светска турнеја, наречена „Призматик“, која започнала во мај 2014 година, а завршила на 22 март 2015 година, при што одржала 128 концерти.

Remove ads

Други активности

Кејти Пери се појавила како гостин од судиите на седмата сезона од британското телевизиско шоу The X Factor; издала парфем наречен „Purr“; и се појавила на филмот Штрумпфови. Во февруари 2015 година, Кејти Пери била главната ѕвезда на музичкото шоу во рамките на финалето на Американската фудбалска лига „Супербоул“, каде настапила заедно со Лени Кравиц.[2]

Албуми

  • Katy Hudson (2001)
  • One of the Boys (2008)
  • Teenage Dream (2010)
  • Prism (2013)
  • Witness (2017)
  • Smile (2020)
  • 143 (2024)

Филмографија

Повеќе информации ТВ, Година ...

Видеографија

Повеќе информации Спот, Година ...

Тв верзии

Повеќе информации Верзија, Година ...
Remove ads

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads