Кирил Псалтиров

From Wikipedia, the free encyclopedia

Кирил Псалтиров
Remove ads

Кирил Псалтиров (роден на 11 октомври 1941 во Кочани — починал на 8 мај 2021 во Скопје) — македонски театарски, филмски и телевизиски глумец, како и поранешен советник во Општина Гази Баба од ВМРО-ДПМНЕ. Кирил Псалтиров во 1974 година се вработил во Македонски народен театар во Скопје и останал сè до неговото пензионирање.[1]

Кратки факти Кирил Псалтиров, Роден(а) ...
Remove ads

Животопис

Завршил Академија за драмски уметности во Скопје во 1973 година, во првата генерација дипломирани глумци заедно со Ѓорѓи Колозов, Снежана Киселичка, Гоце Влахов, Петре Арсовски, Мајда Тушар и Соња Каранџуловска. Од 1974 година до неговото пензионирање работел како глумец при Драмата на Македонскиот народен театар и глумел во повеќе филмови. Од 2011 до 2019 година, бил вработен во Канал 5 Телевизија, каде вршел сихронизација на турски серии и бил дел глумечката екипа на Македонски приказни.[2]

Во 2012 година, Комисијата за верификација на фактите (лустрациската лустрација на Република Македонија) утврдила Псалтиров дека бил соработник на тајните служби во времето на СФРЈ,[3] на кое тој изјавил дека не бил кодош туку жртва на комунистичкиот режим.[4]

Театарски претстави

  • Љупче (Писание, 2002), aвтор: Живко Чинго, режисер: Бранко Ставрев, продукција: Македонски народен театар – Скопје
  • Началникот (Грофот Миливој, 2001), aвтор: Ристо Крле, режисер: Димитрие Османли, продукција: Македонски народен театар - Скопје
  • Кардиналот Донатело (Еригон, 1999), aвтор: Јордан Плевнеш, режисер: Владо Цветановски , продукција: Македонски народен театар – Скопје
  • Бугаринот (Зора на истокот, 1991), aвтор: Гордан Михиќ, режисер: Ацо Алексов, продукција: Македонски народен театар - Скопје
  • Свештеникот (Посета на старата дама, 1990), aвтор: Фридрих Диренмат, режија: Бранко Ставрев, продукција: Македонски народен театар
  • Едвард, кралот (Ричард трети, 1990), aвтор: Вилијам Шекспир, режисер: Рахим Бурхан, продукција: Македонски народен театар – Скопје
  • Сомот (Рекламна бајка, 1989), aвтор: Русомир Богдановски, режисер: Коле Ангеловски, продукција: Македонски народен театар – Скопје
  • Солин, војводата од Ефес (Забуни, 1989), aвтор: Вилијам Шекспир, режисер: Димитрие Османли, продукција: Македонски народен театар - Скопје
  • Свештеникот (Антица, 1988), aвтор: Ристо Крле, режисер: Бранко Ставрев, продукција: Македонски народен театар - Скопје
  • Борецот (Гуштерица, 1986), aвтор: Александар Володин, режисер: Евгениј Лазаров, продукција: Македонски народен театар – Скопје
  • Другарот Мандулски (Рамна земја, 1985), aвтор: Ташко Георгиевски, режисер: Владимир Милчин, продукција: Македонски народен театар - Скопје
  • Боб Мојра (Бог, 1984), aвтор: Вуди Ален, режисер: Димитрие Османли, продукција: Македонски народен театар - Скопје
  • Дежурен иследник на Голи Оток (Македонски состојби), 1984), aвтор: Јордан Плевнеш, режисер: Љубиша Георгиевски, продукција: Македонски народен театар – Скопје
  • Д-р Нинковиќ (Госпоѓа министерка, 1983), aвтор: Бранислав Нушиќ, режисер: Димитар Ќостаров, продукција: Македонски народен театар - Скопје
  • Попот (Макавејските празници, 1983), aвтор: Живко Чинго, режисер: Бранко Ставрев, продукција: Македонски народен театар - Скопје
  • Тевје (Свирач на покрив, 1983), aвтор: Џери Бок, режисер: Владо Штефанчиќ, продукција: Македонски народен театар - Скопје
  • (По претставата, 1981), aвтор: Николај Василевич Гогољ, режисер: Бранко Ставрев, продукција: Македонски народен театар – Скопје
  • (Остен, 09.1981), aвтор: Бранко Ставрев, режисер: Бранко Ставрев, продукција: Македонски народен театар - Скопје
  • Завиша (Војна и мир во Груда, 1981), aвтор: Вељко Радовиќ, режисер: Благота Ераковиќ , продукција: Македонски народен театар - Скопје
  • Прв врбувач, Прв језуит, Чиновникот, Полицаецот, Прв јаничар (Кандид, 1980), aвтор: Волтер, режисер: Владимир Милчин, продукција: Македонски народен театар - Скопје
  • Анучкин (Женидба, 1979), Автор: Николај Василевич Гогољ, режисер: Бранко Ставрев, продукција: Македонски народен театар - Скопје
  • Ампо (Чорбаџи Теодос, 1978), aвтор: Васил Иљоски, режисер: Ацо Алексов, продукција: Македонски народен театар - Скопје
  • Никифор Бриен; Затвореник 5 (Алексијада, 1978), aвтор: Богомил Ѓузел, режисер: Владимир Милчин, продукција: Македонски народен театар – Скопје
  • (Суд, 1978), aвтор: Коле Чашуле, режисер: Љубиша Георгиевски, продукција: Македонски народен театар - Скопје
  • ('48, 1977), автор и режисер: Бранко Ставрев, продукција: Македонски народен театар - Скопје
  • Д-р Нинковиќ, секретар во Министерство за надворешни работи, Втор жандарм (Госпоѓа министерка, 1977), автор: Бранислав Нушиќ, режисер: Димитар Ќостаров, продукција: Македонски народен театар - Скопје
  • Работникот (Крчма под зеленото дрво, 1977), автор: Петар Ковачевиќ, режисер: Владимир Стрниско, продукција: Македонски народен театар - Скопје
  • Крам (Бертолт Брехт пред комитетот за антиамериканска дејност, 1977), автор: Ерик Бентли, режисер: Наум Пановски, продукција: Македонски народен театар - Скопје
  • (Отепвачка, 1976), автор: Ристо Крле, режисер: Бранко Ставрев, продукција: Македонски народен театар - Скопје
  • (Хемиските потписи на човечките организми во воздухот, 1975), автор: Бранко Ставрев, режисер: Бранко Ставрев, продукција: Македонски народен театар - Скопје
  • Вториот селанец, Гаврил (Време за пеење, 1975), автор: Петре М. Андреевски, режисер: Димитар Станковски, продукција: Македонски народен теата - Скопје
  • Слуга на Фамусов (Од многу ум, 1974), автор: Александар Грибоедов, режисер: Димитар Ќостаров, продукција: Македонски народен театар - Скопје
  • Оберлајтнант фон Балочански (Господа Глембаеви, 1974), автор: Мирослав Крлежа, режисер: Владимир Милчин, продукција: Македонски народен театар - Скопје
  • Работник; Жандарм, Хор (Хелдерлин, 1973), автор: Петер Вајс, режисер: Владимир Милчин , продукција: Македонски народен театар - Скопје
  • Водачи на разбунтуваната маса (Децата на сонцето, 1973), автор: Максим Горки, режисер: Илија Милчин, продукција: Македонски народен театар - Скопје
  • Освалд (Крал Лир, 1972), автор: Вилијам Шекспир, Режисер: Вукан Диневски , продукција: Македонски народен театар - Скопје
  • Гаврил Игњатович (Фома, 1972), автор: Фјодор Михајлович Достоевски (текст: Селото Степанчиково и неговите жители), режисер: Димитар Ќостаров, продукција: Македонски народен театар - Скопје
  • Доброволец (Јунона и паунот, 1971), автор: Шон О’Кејси, режисер: Слободан Унковски, продукција: Македонски народен театар - Скопје
  • (Макбет, 1969), автор: Вилијам Шекспир, режисер: Герет Морган,, продукција: Драмски театар - Скопје
Remove ads

Филмографија

Повеќе информации Година, Филм ...
Remove ads

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads