Петре Арсовски

From Wikipedia, the free encyclopedia

Remove ads

Петре Арсовски (р. 12 јуни 1945 во Мокрени) — македонски театарски, филмски и телевизиски глумец.

Кратки факти Петре Арсовски, Роден(а) ...
Remove ads

Животопис

Петар Арсовски дипломирал на Факултетот за драмски уметности во Скопје. Бил првата генерација димломирани глумци заедно со Ѓорѓи Колозов, Мајда Тушар, Гоце Влахов, Снежана Киселичка, Кирил Псалтиров, Соња Каранџуловска, Ацо Дуковски, Лилјана Велјанова и Љупчо Петрушевски.

Првата улога Петре Арсовски ја остварува во 1968 година во претставата „Венецијански близнаци“ во улога Првиот полицаец, чија премиера била одржана на 12 декември 1968 година. Во текот на својата театарска кариера, учествувал во глумење на 58 ликови на сцената на МНТ, како и 16 ликови на други сцени од други театри.

За првпат на филм се појавил во играниот филм „Македонскиот дел од пеколот“ во 1971 година. Во 1974 година се вработил во Македонскиот народен театар каде се пензионирал во 2009 година. И покрај пензионирањето, Арсовски продолжил со играњето во претстави и филмови.

Тој во својата кариера има остварено, бројни филмски улоги, играјќи во над 60 филмови и над 20 телевизиски серии. Тој е единствениот македонски глумец кој има остварено над 80 филмски и телевизиски улоги, заедно со Петре Прличко, Мето Јовановски и Илија Џувалековски. Остварил главни улоги во филмовите: Истрел, Најдолгиот пат, Пресуда, Време, води, Среќна нова '49, Тетовирање, Стапица, Трето полувреме, Златна петорка. Играл и во телевизиските серии: Волшебното самарче, Бушава азбука, На наш начин, Трст виа Скопје, Во светот на бајките, Македонски народни приказни, Заведени и Сенки над Балканот.

Во 2018 година по повод 50 години од својата глумечка кариера, Арсовски направил изложба во фоајето на Македонскиот народен театар[1]. Добитник е на повеќе награди и признанија.[2]

Живее и работи во Скопје.

Театарски претстави

Remove ads

Филмографија

Година Филм Улога
1970-ти
1971Македонски дел од пеколот ТВ-филмПанде Кајзеро
1972Истрел ТВ-филмИгор
1973Добра долина ТВ-филм
1973Смилевскиот конгрес ТВ-филмПетар Ацев
1974Средба ТВ-филмЈон
1974Волшебното самарче ТВ-серијаПетре
1975Јад ТВ-филм
1976Цимерите од соба 306 ТВ-филмВеле
1976Најдолгиот пат ТВ-филмЈован
1977Итар Пејо ТВ-серијаКлисарот
1977Нели ти реков ТВ-филм
1977Пресуда ТВ-филм
1980-ти
1980Време води ТВ-филмПетар
1981Булки крај шините ТВ-филмРисте
1982Јужна патека ТВ-филмЃорѓи
1982Јагне на ражен ТВ-филмКузман
1982Илинден ТВ-серија
1983Записник ТВ-филм
1983Опасни траг ТВ-филм
1984Нели ти реков ТВ-филм
1984Белото циганче ТВ-серија
1984Го мемираше мојот јастраб ТВ-филмБајрам
1985На наш начин
1985Бушава азбука ТВ-серија
1985Јазол ТВ-филмСимеон
1986Среќна Нова ’49 ТВ-филмБургер
1989Еурека ТВ-серијаЧовекот
1990-ти
1990Трст виа Скопје ТВ-серијаГеро
1991Тетовирање ТВ-филмКомандир
1992Заминување од Пасквелија ТВ-филмАрџо
1992Македонски народни приказни ТВ-серија
1993Бог да ги убие шпионите ТВ-филмСакир
1993Крик на немиот Индијанец ТВ-филм
1995Ангели на отпадЏокер
1995Македонски народни приказни ТВ-серија
1997Џипси меџик ТВ-филмБосанац
1997Добредојдовте во Сарајево ТВ-филмЏои
1998Салон Хармони ТВ-серијаПолицаецот
1998Збогум на 20-тиот век ТВ-филмМажот
2000-ти
2000Је ли јасно пријатељу ТВ-филмБесим
2000-2001Во светот на бајките ТВ-серија
2000-2001Светот има осум страни ТВ-серија
2000-2001Досие Скопје ТВ-серија
2001Одмазда ТВ-филмАлександар
2002Вампирџија
2002Заведени ТВ-серија
2003Седум приказни за љубовта и свршувањето ТВ-филм
2003Едно од лицата на смртта ТВ-филм
2003Волци ТВ-филмЛазе
2003Нежната прашина на заборавот ТВ-серијаПоп Серафим
2004Големата вода ТВ-филмВоен доктор
2005Обични луѓе ТВ-серијаТрпе
2005Бал-кан-кан ТВ-филм
2006Караула ТВ-филмИлиевски
2006Стрмоглави ТВ-филм
2006Патувања со рабробил ТВ-филм
2006Мост ТВ-филмСлавеј
2006Американецот ТВ-филм
2007Стапица ТВ-филмВељо
2009На изгрејсонце ТВ-филмВојдан
2010-ти
2011Ова не е американски филм ТВ-филм
2011Мистер Рубин ТВ-филмПрофесор
2012Скопје ремикс ТВ-филм
2012Трето полувреме ТВ-филмПапас
2012Човекот со чудна навика, да ме удира со чадор по глава ТВ-филмБоге
2013Балканот не е мртов ТВ-филмСвештеник
2013Равна гора ТВ-серијаДушан
2014До балчак ТВ-филмПрв трговец
2015За кралот и татковината ТВ-филм
2015Лазар ТВ-филмДобре
2015Шишка делукс
2016Ноќно живеење ТВ-филм
2016Ослободување на Скопје ТВ-филмДимчо
2016Златна петорка ТВ-филмЏиџи
2017На терапија ТВ-серијаТатко на Владо
2017Љубов и предавство ТВ-серијаЏиџи
2017-2019Сенки над Балканот ТВ-серијаГазда Киро
2019Ефектот на Среќа ТВ-филмПрофесорот
2020-ти
2020Другарот ТВ-филмДимче
2023Лена и Владимир ТВ-филмВасил
2024На се ќе дојде крај ТВ-филмАмбасадор
2025Константинова раскрсница ТВ-серија
Remove ads

Награди

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads