Колари

село во Општина Кичево From Wikipedia, the free encyclopedia

Колариmap
Remove ads

Колари — село во Општина Кичево, во околината на градот Кичево.

Кратки факти
Remove ads

Географија и местоположба

Колари се наоѓа во областа Горно Кичево, меѓу планините Буковиќ (на север) и Бистра (на југ). Селото е во близина на Зајаска Река.

Историја

Селото се споменува во турските пописни дефтери од 1467/68 година, како дел од Кичевската нахија (Nahiye-I Kirçova) и имало 39 семејства, 2 неженети и 2 вдовици, сите христијани.[2]

Според податоците од 1873, во селото имало 41 домаќинство со 100 жители Албанци муслимани и 38 Македонци христијани.[3]

Население

Повеќе информации Година, Нас. ...

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Колари живееле 180 жители, од кои 160 Албанци и 20 Македонци.[4] По податоците на секретарот на Бугарската егзархија, Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Колари имало 64 Македонци под врховенството на Бугарската егзархија.[5]

На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Колари се води како мешано македонско-албанско село во Кичевската каза на Битолскиот санџак со 40 куќи.[6]

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралство Југославија во 1931 година, селото имало 400 Албанци.[7]

Според пописот од 2002 година, во селото имало 880 жители, од кои 879 Албанци и 1 Македонец.[8]

Според последниот попис од 2021 година, во селото живеел 421 жител, од кои 388 Албанци и 33 лица без податоци.[9]

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Повеќе информации Година ...
Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[10]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[11]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[12]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[13]

Родови

Колари е албанско село.

Родови во селото се: Руга (25 к.) се делат на Садиковци и Азисовци. Потекнуваат од двајца браќа доселени од областа Матија во Албанија Во родот Садиковци се знае следното родословие: Сеадин (жив на 50 г. во 1961 година) Меџит-Селман-Мифтар-Садик, основачот на родот кој се доселил, тоа било почетокот на XIX век; Чурчиај (4 к.), Уковци (24 к.), Браовци (9 к.), Јаовци (6 к.), Кепа (5 к.) и Лановци (4 к.) доселени се во различен период од соседното село Зајас. На сите родови подалечно потекло им е од Матија во Албанија.[14]

Remove ads

Личности

Личности починати во Колари:

Самоуправа и политика

Избирачко место

Во селото постои избирачкото место бр. 821 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на основното училиште.[15]

На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 977 гласачи.[16]

Поврзано

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads