Геракарци
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Геракарци или Доганџи (грчки: Γερακώνας, Гераконас; до 1926 г. Γερακάρτσι[2]) — село во Гуменџиско, Егејска Македонија, денес во општината Пајонија на Кукушкиот округ, Грција. Населението брои 176 жители (2021). Сè до 1920-тите било населено исклучиво со Македонци.[3]
Remove ads
Географија
Селото се наоѓа на 9 км јужно од Гуменџе ви југоисточното подножје на планината Пајак.
Историја
Во Отоманското Царство
Во XIX век Геракарци било чисто македонско село во Ениџевардарската каза. Црквата „Св. Архангели“ е од првата половина на XIX век.[4]
Во 1848 г. рускиот славист Виктор Григорович („Очерк путешествия по Европейской Турции“) вели дека Геракарци е македонско село.[5][6] Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. во Геракарци (Доганџи) живееле 290 Македонци христијани.[7][8] На почетокот на XX век Геракарци било чифлигарско село на албанскиот бег Малик-ефенди.[9]
Во 1874 г. селскиот поп Христо Шимов (Шишов) ја префрлил неговата парохија (селата Геракарци, Петгас, Рамна и други) во Бугарската егзархија.[10] Во црквата го заменил син му Георги Шимов, кој работел како егзархиски поп до 1912 г. кога бугарската црква е затворена од грчките власти.[11]
Во селото воделе борба двете пропаганди — бугарската и грчката. Селото го признавало врховенството на Бугарската егзархија. Во мај 1880 г. уапсени се старешините на неколку ениџевардарски села и од нив е побарана гаранција дека се доверливи, што би можел да го даде само грчкиот митрополит. Така митрополитот успеал да ги откаже од Егзархијата селата Крива, Баровица, Црна Река, Тушилово, Петрово, Бозец, Постол, Геракарци и Кониково.[12]
На австроунгарската воена карта селото е означено како Доганџи (Гиркарци) (Dogandži (Girikarci)),[13] а на картата на Кондојанис се води како Геракарци (Γερακάρτσι), христијанско село. Според Николаос Схинас („Οδοιπορικαί σημειώσεις Μακεδονίας, Ηπείρου, Νέας οροθετικής γραμμής και Θεσσαλίας“) во средината на 1880-тите години на XIX век Геракарци (Γερακάρτσι) било село со 40 христијански семејства.[14]
Најголемиот дел на жителите останал под Егзархијата. По податоци на егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 г. Гиракарци Дуганџа (Guirakartzi Dougandja) имало 304 Макдонци егзархисти и 40 Македонци патријаршисти, а во селото работело бугарско училиште.[15]
Кукушиот околиски училиштен инспектор Никола Хрлев во 1909 г. напишал за селото:
„ | Гиракарци, 18 /III, 2 ч. од Грубевци. 38 македонски[16] егзархиски куќи, чифлик. Се занимаваат со земјоделство, бубарство и лозарство. Пред 7 години селаните зеле да го откупуваат чифликот и авансирале 800 лири, но стопанот, Евреин, ги измамил и сите тие пари отишле во ветар. Од Патријаршијата се откажале пред 14 години. Црквата отворена, нема никакви имоти. Училиштето (вакуф) е двокатно, со низок подрум и две простории.[17] | “ |
По податоци на Егзархијата во 1910 г. Геракорци имало 49 семејства со 257 жители Македонци (207 чифлигари) и една црква.[7][18]
Во 1910 г. Халкиопулос напишал дека во селото (Γερακάρτση) имало 209 егзархисти.[14][19]
Боривое Милоевиќ („Јужна Македонија“) вели дека Ѓерекарце (Ђерекарце) пред Балканските војни имало 80 куќи на Македонци христијани.[20]
Во Грција
По Балканските војни во 1913 г. Геракарци било пропоено кон Грција согласно Букурешкиот договор. В 1912 година е регистрирано като селище с христијанска религија и македонски јазик. На пописот од 1913 г. Геракарци или Дуганџи (Γερακάρτσι ή Δουγαντζή) се води како село со 266 жители (155 мажи и 101 жена).[14] Во 1920 населението броело 244 лица.[3]
Поради теророт на грчките власти, до 1925 г. 215 лица биле принудени да се иселат во Бугарија и ликвидирани се 39 имоти.[14] Друг дел од населението се преселило во Гуменџе, и така во селото останале само две староседелски семејства.[3] На нивно место се населени дојденци од селото Киздервент во Мала Азија чие население се Македонци од Охридско присилно иселени таму на почетокот на XVIII век за да бидат дервенџии, чиј јазик и денес е смеса од македонски со турски зборови.[21][22] Во 1928 г. селото е претставено како мешано мештанско-дојденско со 192 дојденци (55 семејства).[23]
Во 1926 г. селото е преименувано во Гераконас за да звучи грчки.
Remove ads
Население
Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:
- Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија
Културни и природни знаменитости
- Црква „Св. Архангели“ од првата половина на XIX век
Личности
- Васил Шимов (Попхристов) — кмет на Геракарци и член на ВМОРО[24]
- Гоно Д. Чифиљонов (? - 1942) — револуционер на ВМОРО, курир, починал во Несебар[25]
- Крсто Русев (1913 - 1995) — политичар во Бугарија, градоначалник на Несебар
- Мино Шантев — четник на ВМОРО, украл пушка од куќата на бегот и избегал во Ениџевардарското Езеро[26]
- Петар Попхристов (1885 - 1962) — револуционер на ВМОРО
- Тома Христов (1885 – 1962) — политичар во Бугарија, градоначалник на Несебар
- Поврзани со Геракарци
- Продан Христов (1888 – ?) — револуционер на ВМОРО, дете на преселници од Геракарци
Remove ads
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads