Тушилово

село во Гуменџиско, Егејска Македонија From Wikipedia, the free encyclopedia

Тушиловоmap
Remove ads

Тушилово (грчки: Στάθης, Статис, до 1926 г. Τοσίλοβο[2]) — село во Гуменџиско, Егејска Македонија, денес во општината Пајонија на Кукушкиот округ, Грција. Населението брои 316 жители (2021). Сè до 1920-тите било населено исклучиво со Македонци, кои денес се двотретинско мнозинство.[3]

Кратки факти Тушилово Στάθης, Земја ...
Remove ads

Географија

Селото се наоѓа на 4 км источно од Гуменџе, во јужното подножје на планината Пајак.

Историја

Во Отоманското Царство

Во XIX век Тушилово било чисто македонско село во Ениџевардарската каза. Црквата „Св. Петар и Павле“ е од втората половина на XIX век.[4]

Селото го признавало врховенството на Бугарската егзархија. Во мај 1880 г. уапсени се старешините на неколку ениџевардарски села и од нив е побарана гаранција дека се доверливи, што би можел да го даде само грчкиот митрополит. Така митрополитот успеал да ги откаже од Егзархијата селата Крива, Баровица, Црна Река, Тушилово, Петрово, Бозец, Постол, Геракарци и Кониково.[5]

На австроунгарската военна селото е означено како Тосилово (Тушилово) (Tossilovo (Tušilovo)),[6] а на картата на Кондојанис се води како Тосиловон (Τοσίλοβον), христијанско село. Според Николаос Схинас („Οδοιπορικαί σημειώσεις Μακεδονίας, Ηπείρου, Νέας οροθετικής γραμμής και Θεσσαλίας“) во средината на 1880-тите Тусиловон (Τουσίλοβον) било село со 29 христијански семејства.[7]

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) в 1900 година в Тушилово живеят 220 Македонци христијани.[8][9]

Подоцна селото повторно станало егзархиско и во него работела бугарската пропаганда. По податоци на егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 г. Тушилево (Touchilevo) имало 320 Македонци егзархисти и во селото работело бугарско училиште.[8][10]

По податоци на Егзархијата во 1910 г. Тошилово имало 49 семејства, 351 жител Македонец (83 чифлигари) и една црква.[8][11]

Кукушкиот околиски училиштен инспектор Никола Хрлев во 1909 г. напишал за селото:

Тошилово, 19 /III, 1 34 ч. од Либаово. 40 македонски[12] егзархиски куќи: 6 чифлик, 34 својштина; 58 од земјата е својштина, 38 бегова. Се занимаваат со земјоделство, бубарство и лозарство. Црквата отворена, нема никакви имоти. Од Патријаршијата откажано во 1898 г. Оттогаш редовно постои и бугарско училиште. Училиштето (вакуф) е двокатно, со низок подрум, училница и и станбена соба... Учител е Георги Пејков, родум од Гуменџе, 61-годишен (иако изгледа уште здрав), вдовец, подучил нешто како трикласно образование на грчки во Гуменџе и Караферија, учителствува 38 години (7 години като патријаршист), добива 7 лири егзархиски додаток, од селото 4 лири; покрај тоа, иако ја има должноста на црковен певец, имал право да оди во сабота и недела вечер на гости по ред кај сите селани. Одлично е поставен в селото.[13]

Во 1909 г. властите го уапсиле тушиловскиот поп Христо под обвинание дека носи писма за војводата Апостол Петков.[14]

Во 1910 г. Халкиопулос напишал дека во селото (Τοσίλοβον) имало 195 егзархисти.[7][15]

Боривое Милоевиќ („Јужна Македонија“) вели дека Тушилово пред Балканските војни имало 42 куќи на Македонци христијани.[16]

Во Грција

По Балканските војни во 1913 г. Тушилово било припоено кон Грција согласно Букурешкиот договор. Во 1912 г. е заведено како село со христијанска религија и македонски јазик. На пописот од 1913 г. селото (Τουσίλοβον) имало 354 лица,[3] од кои 190 мажи и 164 жени.[7] Во 1920 г. во него се попишани 349 жители.[3]

Во 1924 г. 166 лица (18 семејства) се иселиле во Бугарија поради малтретирање од властите.[3] Ликвидирани се 30-те имоти на иселениците.[7] Набргу тука се доведени грчки доселеници. Во 1926 селото е преименувано во Статис. Во 1928 г. селото станало мешано, со вкупно 309 жители,[3] од кои 113 лица (30 семејства) биле грчки дојденци.[17] Во 1940 г. Тушилово имало 414 жители, од кои две третини биле Македонци.

Remove ads

Население

Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:

Повеќе информации Година ...
Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија

Културни и природни знаменитости

Личности

Thumb
Тане Бурдов
  • Ичо А. Трајанов (1876 – 1935) — револуционер
  • Тане Бурдев (1884/1885 – ?) — револуционер на ВМОРО
  • Иван Христов Гинчев – Андрея (1898 – 1944) — партизан во Бугарија[18]
  • Мино Танов — револуционер на ВМОРО, четник на Аргир Манасиев[19]
  • Филип Христов Гинчев - Гоце (р. 13 декември 1900 г.) — иселеник во Пловдив, тутунски работник, член на БКП, по Деветтосептемврискиот преврат работел во Народната милиција[20]
  • Ангел Иванов Џоглев – Дамјан (1924 – 1944) — партизан во Бугарија[18]
Remove ads

Наводи

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads