Копаоник
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Копаоник — еден од поголемите планински венци во Србија. Сместен е во централниот дел на земјата со мал дел во Северно Косово. Највисока точка е Панчиќев Врв (2.017 м).

Ова е најважното скијачки центар во Србија, со вкупно 25 жичници со сместивост од 32.000 скијачи на час.[1][2] Во 1981 г. е отворен и националниот парк, кој зафаќа површина од 118,1 км2 и се наоѓа во средиштето на венецот.
Remove ads
Историја
Во средниот век, Копаоник бил важен центар на рударството, особено меѓу Саксонците кои се занимавале со оваа стопанска гранка. Била развиена и трговијата со Дубровник.
На подрачјето на Копаоник има неколку стари цркви и манастири: Ѓурѓеви Ступови, Студеница, Сопоќани и Градац како и неколку тврдини. Најблиската средновековна тврдина е Маглич.
Флора и фауна
Флората на Копаоник се одликува со голем број на домородни видови растенија (бука, елка, смрча, тиса, неколку вида јавор, бор и даб). Фауната е исто така разновидна и се разликува од место до место, зависно од околината.
Национален парк
Националниот парк Копаоник е основан во 1981 г. Има листопадни и зимзелени шуми и разни видови птици како еребицата камењарка, ќукот, сивото свраче и шумската чучурлига.
Националнипт парк е сместен на висорамнината Суво Рудиште, на надморска височина од околу 1.700 м и е опкружен со планински врвови. На север и северозапад од висорамнината се протега Бањски Копаоник, каде се наоѓа Јошаничка Бања. Веднаш под висорамнината започнува живописната долина на Самоковска Река, со карактеристична накосеност, бројни слапови и клисури. Копаоник има преку 200 сончеви денови во годината и преку 160 дена снег.[3]
Скијачки центар
Туризмот на планината е од претежно спортски карактер. Преовладуваат зимските спортови како скијањето и скијањето на даска, но застапени се и други спортски активности како тенисот. Има голем број сместувачки капацитети, кафетерии, барови и ноќни клубови.
Има 28 жичници, со 70 км скијачки патеки од сите категории. Од Брзеќе до скијачкиот центар води кабинска жичарница.[4]
Remove ads
Превоз
Копаоник е добро поврзан со главните патишта во Србија. Туристичкиот центар во средишниот дел е поврзан со Ибарската магистрала, а најблискиот меѓународен аеродром е „Константин Велики“ во Ниш. Недалеку од центарот има и јавно хеликоптерско слетувалиште.
Поврзано
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads