Кулакија

гратче во Солунско, Егејска Македонијја, Грција From Wikipedia, the free encyclopedia

Кулакијаmap
Remove ads

Кулакија или Кулаќа (грчки: Χαλάστρα, Халастра; по старо: Κουλακιά, Кулакија или Κωλακία, Колакија) — град во Солунско, Егејска Македонија, денес во општината Делта на Солунскиот округ во Централна Македонија, Грција. Населението брои 6.657 жители (2021). Иако погрчувањето почнало уште одамна, сите жители се во етничка смисла Македонци.[2]

Кратки факти Кулакија Χαλάστρα, Земја ...
Remove ads

Географија и местоположба

Градот се наоѓа во делтата на Вардар во областа Вардарија, 13 км западно од Солун и надморска височина од 8 м.[2]. Атарот лежи крај брегот на Солунскиот Залив, на вливот на реката Вардар во Белото Море.

Три километри источно Кулакија, на местото на некогашното село Чаликово е зачувана трикорабната базилика „Св. Димитриј“ од 1858 г. заштитена како културно-историски споменик.[3]

Историја

Во антиката

На местото на Кулакија се наоѓал древномакедонскиот град Халастра во областа Мигдонија, споменат од Херодот во неговата „Историја“. Подоцна градот го спомнува и Страбон, но во средновековието веќе му се губи трагата. Денешното име на градот е дадено во спомен на оваа античка населба, што е типично за големогрчкото присвојување на древната историја на Македонија.

Османлиско време

Thumb
Македонки од Кулакија и Балџа, Рафаел Жакмен, 1863–1869 г.

Кулакија се спомнува во XV век како христијанска населба, вакуф на војсководецот Евренос-бег.[4] Населението работело во соланите и затоа уживало извесни привилегии.

Грчката пропаганда во местото се засилила кон почетокот на XIX век, откако Кулакија станала центар на Камбаниската епахија во рамките на Солунската митрополија,[5]. Во XIX век било единственото во наполно македонска област Вардарија кое, поради силната пропаганда, почнало да добива грчки обележја. Ова во 1806 г. го потврдил англискиот старинар и дипломат Вилијам Лик,[6] а истото во 1831 г. го констатирал и францускиот конзул во Солун Еспри-Мари Кузинери.[7]

Мештаните се занимавале со рибарство, а за време на востанието против Турците во 1821 г. биле принудени да дадат пловила како помош за османлиската морнарица. Во средината на XIX ве Кулакия едно машко и едно женско училиште, со 4 учители и околу 200 ученици,[5] што сведочи за посветеноста на грчката пропаганда. Во текот на истиот век паланката била центар на зографската школа.[8]

Thumb
Кулакиското евангелие на солунски дијалект (1863)

Во 1863 г. во Кулакија е направено Кулакиското евангелие, што претставува македонски народен превод на Неделното евангелие на месниот солунски дијалект напишан со грчко писмо.[9]

Според Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. Кулакија имала 1.720 жители[10], за кои вели дека мнозината се погрчени Македонци[11], а некои се членови на стара грчка колонија.[12] Сепак, дел од населението ја задржало македонската свест, за што сведочи етнографското истражување на народни носии на Рафаел Жакмен во 1863–1869 г. кој во него ја објавил македонската носија од Кулакија.[13][14]

На почетокот на XX век Јордан Иванов забележал во едно од маалата населението сè уште било двојазично, говорејќи и грчки и македонски[15][16] Истото го потврдил Андре Мазон, кој вели дека пред Балканските војни (1912–1913) една четвртина од населението сè уште е двојазично и има македонска самосвест.[17][18]

На почетокот на XX век целото село било чисто македонско, но под врховенството на Цариградската патријаршија. По податоците на секретарот на Бугарската егзархија, Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 г. 1.850 жители кои, според Тодор Симовски биле сите до еден Македонци. Во неа работеле две грчки училишта.[19]

Припојување кон Грција

Со Букурешкиот договор во 1913 г. паланката е припоена кон грчката држава, кога населението броело 3.013 жители. Во својот патописен попис од 1917-18 г. Боривое Милоевиќ во Кулакија завел 550 македонски куќи.[2] Во 1920 г. селото останало релативно непроменето, со 3.004 жители.[2]

Remove ads

Население

Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:

Повеќе информации Година ...
Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија

Самоуправа и политика

Градот припаѓа на општинската единица Кулакија со седиште во истоимениот град, која припаѓа на поголемата општина Делта, во округот Солун. Воедно, градот е дел од општинскиот оддел Кулакија, каде е еднственото населено место.

Стопанство

Населението на Кулакија одгледува големи количества овошје, памук, жито и други земјоделски производи. Земјиштето целосно се наводнува. Развиена е и малопродажбата.[2]

Поврзано

  • Кулакиско евангелие — важен текст за стариот солунски говор

Наводи

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads