Просеник

село во Серско, Егејска Македонија From Wikipedia, the free encyclopedia

Просеникmap
Remove ads

Просеник (грчки: Σκοτούσσα, Скотуса, до 1926 година Πρόσνικ, Просник[2]) — село во Серско, Егејска Македонија, денес во општината Долна Џумаја на Серскиот округ, Грција. Сè до 1920-тите било населено населено исклучиво со Македонци, а денес тие се огромно мнозинство.[3]

Кратки факти Просеник Σκοτούσσα, Земја ...
Remove ads

Географија

Селото се наоѓа на 15 км северозападно од градот Сер, на железничката линија Кулата - Валовишта - Сер - Драма.

Историја

Во Отоманското Царство

Во XIX век и почетокот на XX век Просеник било чисто македонско село во Серската каза. Во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Просеник (Prossénik) било село со 112 домаќинства сочинети од 380 Македонци.[4][5]

Во 1891 г. Георги Стрезов го посочува селот како дел од областа Овакол и вели:

Просеник, 212 час на З од Сер; пат рамен, но каллив. Еден дел од земјата е чифлик на многу сопственици. Нова гркоманска црква „Св. Ѓорѓи“ со убава ѕвонарница; грчко училиште со 45 ученици. 70 куќи македонски.[6][7]

Во 1891 г. Васил К’нчов го посетил Серско и го забележал следново за стопанскиот напредок на Просеник:

Особено е збогатено с. Просеник, кое лежи на многу плодна земја; се откупило од својот, не не го изгубило неговото покровителство. За малку години селото сосема се преобразило, ги снемало бедните колипки и наместо нив се појавиле убавички двокатни куќи. Дворовите се заградени. Селаните имаат прекрасна црква и добро училиште, одат во град со коњи, облечени чисто и пристојно. Одат на Св. Гора; некои стасале дури до Ерусалим. Сите околни села гледаат со завист на просеничани.[8]

Според статистиката на К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. селото броело 900 жители, сите Македонци христијани.[4][9] Сите христијани во Просеник биле под врховенството на Цариградската патријаршија и во него работела грчката пропаганда. По податоци на егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 г. во селото живееле 1.280 Македонци патријаршисти. Во селото имало грчко основно училиште со 1 учител и 30 ученици.[4][10]

На почетокот на 1909 г. околу 60 семејства од селото прешле под врховенството на Бугарската егзархија.[11] Според егзархискиот училиштен инспектор в Сер Константин Георгиев во 1910 г. во Просеник учителствувале Стоил Димитров и З. Стојанова. Имало 45 ученици (25 машки и 20 женски). Училиштето го користеле само гркоманите.[12]

Во Грција

За време на Првата балканска војна селото е окупирано од бугарска војска, а по Втората балканска војна во 1913 г. е припоено кон Грција согласно Букурешкиот договор. Таа година населението броело 913 жители, а во 1920 г. тоа се намалило на 774 лица, што се должи на извесно иселување непосредно по Првата светска војна.[3] Во 1924 г. власта тука доселила 263 грчки колонисти.[3] Во 1926 г. селото е преименувано во Скотуса по античкиот град со тоа име согласно грчката политика на присвојување на древната историја на Македонија.[13]

Во 1920-1927 г. е изградена црквата „Св. Ѓорѓи“.[14]

На пописот од 1928 г. селото имало 1.307 жители, од кои Македонците биле апсолутно мнозинство.[3]

Повеќе информации Име, Грчки ...
Remove ads

Население

Преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:

Повеќе информации Година ...
Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија

Културни и природни знаменитости

Личности

  • Андон Ангелов — борец во МОО, 22-годишен, земјоделец, I чета на XI Серска дружина, носител на орден „За храброст“ IV степен[18]
  • Антониос Думбас (? - 1944) — деец на грчката вооружена пропаганда во Македонија[19]
  • Атанас Василев (1887 – ?) — борец во МОО, четата на Дончо Златков[18]
  • Атанас Карајованов — револуционер, деец на ВМОРО, починал пред 1918 г.[20]
  • Атанас Хаџипантазиев (1883 – 1907) — гркомански андартски капетан
  • Васил Николов (1887 – ?) — борец во МОО, I чета на XI Серска дружина, носител на крст „За храброст“ IV степен[18]
  • Дафина Просеничка — народна пејачка од XIX век
  • Запро Стаматов (1886 – ?) — борец во МОО, I чета на XI Серска дружина[18]
  • Замприс Цјатарос — деец на грчката пропаганда во Македонија[21]
  • Илија Ангелов, ополченец, V Ополченска дружина[22]
  • Илија Петров (1892 – ?) — борец во МОО, I чета на XI Серска дружина[18]
  • Илијас Миљос — деец на грчката пропаганда во Македонија[23]
  • Константинос Папаниколау — гркомански агент (III класа) на грчка андартска чета[24]
  • Софија Хаџипантазиева — гркомански андартски деец
  • Томас Зембирис — деец на грчката пропаганда во Македонија[25]
  • Штерју Влахов (1884 – 1924) — револуционер
Remove ads

Наводи

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads