Лавци (Ресенско)
село во Општина Ресен From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Лавци (или Влашци) — село во Општина Ресен, во областа Горна Преспа, во околината на градот Ресен.
Remove ads
Географија и местоположба
Лавци се наоѓа 6,5 км југозападно од Ресен во воздушна линија сметано од средиштата на населените места. Соседни села се: Прељубје (на југ; 1,2 км), Дрмени (на запад; 3,3 км), Царев Двор (на запад; 3,6 км), Горно Дупени (на североисток; 2,2 км), Евла (на север; 3,4 км).
Историја
Во 1468 г. селото било мулк (имот) на извесен Мурат. Заведени се жителите Никола, син на Мано; Радоја, син на Боѓол; поп Петре; Томко (или Думко), зет на Васил; Јован, син на Томко; Дујко, сиромав; Димитри Приезда; Миле, син на Стале; Радан, сиромав; Радослав, Србин; Раде, сиромав; Никола, син на Мануил; Крајо, брат на Добре; Миле, син на Бојко; Петко, син на Ѓорго; Божик, сиромав; Драгош Петко; Пејо, син на Драгош; Дујко, син на Черп; Добре, син на Преспанчанецот; Раде, син на Калуќер; вдовица Рада; Димитри, син на Тодор; Димитри, син на Мартин; Никола, син на Димитри; Музак, син на Черп; Велко, син на Черп; Стајко, говедар; Бојко, син на Драго; Пројо, син на Пејо; Миле, син на Черп, зет на Димче; Никола, син на Димитри. Броело 33 семејства, 1 вдовица, па вкупно 169 жители, кои таа година платиле 3.788 акчиња данок — 1.200 само ушур за лозје и 825 акчиња за испенџе. Плаќале за лен, свилена буба, свињи и улишта, бостан, свадбарина и нијабет.
Во дефтер од 1519 г. Влашци имало 98 христијански домаќинства, 4 вдовици христијанки и 10 ергени христијани. Во дефтерот од 1583 се води со 93 христијански семејства, 38 ергени христијани и 1 муслиман кој имал баштина (задолжбина).[2]
Влашци спаѓало во средно развиените селски населби. За последен пат се споменува во 1568 г. како населено место со 192 жители.[3]
Remove ads
Стопанство
Население
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Лавци живееле 276 жители, од кои 150 Турци, 120 Македонци и 6 Албанци.[4]
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 200 Турци и 100 Македонци.[5]
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 118 жители, од кои 13 Македонци, 6 Албанци, 98 Турци и 1 останат.
На табелата е прикажан националниот состав на населението низ сите пописни години:[6]
Родови

Лавци е македонско-турско село.
- Македонски родови се: Андоновци, Бојчевци, Гештаковци, Жиловци, Таневци (доселени од Коњско во 1934 година), Колевци, Мркачовци, Пандевци и Перовци (доселени од Перово).
- Турски родови се: Алиовци, Зеќировци, Јашаровци, Јуруковци, Резаковци, Селимовци и Шаиновци.[7]
Според истражувањата на Бранислав Русиќ во 1949 година, родови во селото се:
Македонски
- Староседелци и со непознато потекло: Жиловци (8 к.)
- Доселеници: Андоновци (4 к.) доселени се од селото Прељубје; Коњцкари со Ивановци и Тасевци (3 к.) доселени се во 1914 година од селото Коњско. Подалечно потекло од селото П’пли во егејскиот дел од Преспа; Пандевци (5 к.) доселени се во 1915 од селото Волкодери; Перовци и Голицовци (1 к.) доселени се од селото Перово; Колевци (1 к.) доселени се во 1920 година од селото Шурленци; Мркачовци (2 к.) доселени се од селото Горно Дупени;
Муслимански
- Староседелци: Шаиновци (9 к.) и Јашаревци (8 к.)
- Доселеници: Алиовци (17 к.) доселени се од некое место Пеќиште.[8]
Remove ads
Општествени установи
Самоуправа и политика
Избирачко место
Во селото постои избирачкото место бр. 1665 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на продавница на Акиф Селимовски.[9]
На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 172 гласачи.[10]
Културни и природни знаменитости



- Верски храмови
- Археолошки наоѓалишта[11]
- Тумба — населба од доцноантичко време;
- Андонови Градини — населба од римско време;
- Трансформатор — населба од средниот век;
- Стара Црква — црква и некропола од средниот век;
Редовни настани
Личности
Култура и спорт
Иселеништво
Галерија
- Куќи во западниот дел на селото
- Улица во западниот дел на селото
- Улица во средишниот дел на селото
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads