Лазар Китаноски

From Wikipedia, the free encyclopedia

Remove ads

Лазар Китаноски (25 април 1948 во Охрид - 19 мај 2011 во Скопје) — македонски правник, универзитетски професор и Министер за одбрана на Република Македонија (1997-1998). Основното, средното образование и Правниот факултет ги завршил во Скопје. Во 1975 бил избран за помлад асистент на предметот социологија на Правниот факултет во Скопје. Во 1981 година магистрирал на Институтот за социолошки и политичко-правни истражувања од областа на социолошките науки. Темата на магистерскиот труд е од областа на структуралната социологија со наслов „Социолошкиот аспект во сфаќањата на Карл Маркс и Фридрих Енгелс за поделбата на трудот“.

Кратки факти Лазар Китаноски, Министер за одбрана ...

После магистрирањето својот интерес го насочува кон социолошко-политиколошката област. Докторирал на Правниот факултет во Скопје во 1995 година со одбрана на темата: „Социолошките аспекти на политичките процеси во Македонија и функционирањето на моделот на парламентарната демократија“.

Бил член на редакцијата на списанието „Дијалог“, секретар на Здружението за социологија на Република Македонија и еден од основачите на Форумот за човекови права на Македонија.

Во текот на својот научен развој, неговиот придонес особено е насочен и забележлив во областа на теоретската социологија и прашањата на факторите на глобалната структура. Ги истражува теориите и односите помеѓу глобалната структура и правно-политичкиот потсистем. Следна област на интерес е феноменот на политичкиот систем и функционирањето на парламентарната демократија во Република Македонија.

Покрај многубројни текстови автор е и на две книги: Класиците на марксизмот за поделба на трудот и Поделба на власта (законодавна и политичко-извршна).

Неговата педагошка и наставна дејност на Правниот Факултет во Скопје се остварува преку предавања по предметите: социологија на правото, политичка социологија и политички партии и интересни групи.

Китаноски почина во Скопје на 19 мај 2011 година.[1]

Remove ads

Почитичка кариера

Д-р Китановски беше член на СДСМ од неговото основање, директор на Агенцијата за разузнавање[2], и поранешен Министер за одбрана на Република Македонија.

Наводи

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads