Ленче Арсова
македонска партизанка From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Ленче Арсова (моминско: Стојанова; 16 август 1919 во Битола — 2016 во Скопје) — македонски револуционер, комунистички деец, хуманист, борец и општественик.[1][2] Таа е носител на Партизанска Споменица 1941 и многу други одликувања.[3]
Remove ads
Животопис

Како студент на Белградскиот универзитет се вклучила во акциите на напредното студентско движење. Од 1939 година била службеник во ПТТ - Белград, а во 1940 година била примена за член на КПЈ.[3]
Арсова во текот на Втората светска војна, извршувала најразлични улоги. Во 1940 година, како член на КПЈ, била една од организаторите на Народноослободителната војска на Македонија (НОВ). Од јули 1941 година била член на месниот комитет на КПЈ во Штип и на Воениот штаб, а од 1943 година била член на Вториот областен комитет на Комунистичката партија на Македонија (КПМ), инструктор на Петтиот областен комитет на КПМ, од август 1944 година била заменик-командир на базата на генералштабот на НОВ и ПОМ, шифрант на Врховниот штаб на НОБ и ПОЈ на островот Вис, раководител на шифрантската служба при генералштабот на НОВ и ПОМ и секретар на месниот комитет на КПМ во Штип.[3][4]
По ослободувањето се наоѓала на разни општествено-политички должности и била долгогодишен претседател на Црвениот крст на Македонија.
Remove ads
Личен живот
Била омажена за Љупчо Арсов, македонски партизан.
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads