Ленче Арсова

македонска партизанка From Wikipedia, the free encyclopedia

Remove ads

Ленче Арсова (моминско: Стојанова; 16 август 1919 во Битола 2016 во Скопје) — македонски револуционер, комунистички деец, хуманист, борец и општественик.[1][2] Таа е носител на Партизанска Споменица 1941 и многу други одликувања.[3]

Кратки факти Родена, Починала ...
Remove ads

Животопис

Thumb
Ленче Арсова е носител на Партизанската споменица 1941.

Како студент на Белградскиот универзитет се вклучила во акциите на напредното студентско движење. Од 1939 година била службеник во ПТТ - Белград, а во 1940 година била примена за член на КПЈ.[3]

Арсова во текот на Втората светска војна, извршувала најразлични улоги. Во 1940 година, како член на КПЈ, била една од организаторите на Народноослободителната војска на Македонија (НОВ). Од јули 1941 година била член на месниот комитет на КПЈ во Штип и на Воениот штаб, а од 1943 година била член на Вториот областен комитет на Комунистичката партија на Македонија (КПМ), инструктор на Петтиот областен комитет на КПМ, од август 1944 година била заменик-командир на базата на генералштабот на НОВ и ПОМ, шифрант на Врховниот штаб на НОБ и ПОЈ на островот Вис, раководител на шифрантската служба при генералштабот на НОВ и ПОМ и секретар на месниот комитет на КПМ во Штип.[3][4]

По ослободувањето се наоѓала на разни општествено-политички должности и била долгогодишен претседател на Црвениот крст на Македонија.

Remove ads

Личен живот

Била омажена за Љупчо Арсов, македонски партизан.

Наводи

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads