Велосипедизам на Летните олимписки игри 2012
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Велосипедизмот на Летните олимписки игри 2012 ќе се одржи на пет различни места. Местата се Лондонскиот велопарк за велодромскиот велосипедизам и BMX,[1] и Хадли Фарм во Есекс за планинскиот велосипедизам.[2] Друмските трки ќе се одржат на патека, која ќе започнува и завршува на Бакингемската палата,[3] додека пред Палатата Хемптон Корт ќе започне друмскиот хронометар. Ќе бидат одржани 18 натпревари, на кои се очекува да настапат околу 500 спортисти.

Велосипедизмот бил присутен на сите Летни олимписки игри од првата современа Олимпијада во 1896, заедно со атлетиката, гимнастиката, мечувањето и пливањето. Споредено со претходните олимписки игри во Пекинг се случиле многу промени во олимписката велодромска велосипедска програма. Машката и женската поединечна потера и бодовната трка и машкиот медисон ќе бидат повлечени од олимписката програма. Екипниот спринт, екипната потера и кеирин ќе бидат додадени на програмата за жени, додека омниум ќе биде нова дисциплина и кај мажите и жените.[4] Државите смееле да имаат само по еден натпреварувач во некоја дисциплина, ограничување кое било донесено да се избегне британскиот состав повторно да дојде до двојно освојување на медали во иста дисциплина, како што тоа го направиле во 2008. Слично како на Игрите во Пекинг 2008, на велосипедистичките дисциплини преовладувале Британците.
Remove ads
Распоред на натпреварите
К | Квалификации | ¼ | Четвртфинале | ½ | Полуфинале | Ф | Финале |
ФЛ = трка на време, ПР = бодовна трка, ЕР = елиминациска трка, ИП = поединечна потера, СР = скреч трка, ТТ = хронометар
Remove ads
Медали
Табела на медали
Друмски велосипедизам
Велодромски велосипедизам
* Настапувала само во квалификациите.
Планински велосипедизам
BMX
Галерија
Галерија на некои од олимписките златни медалисти на велосипедските натпревари:
- Бредли Вигинс од Велика Британија го освоил хронометарот за мажи
- Крис Хој, претставувајќи ја Велика Британија, освоил злата во екипниот спринт за мажи и машкиот кеирин
- Викторија Пендлтон, од Велика Британија, го освоила среброто во поединечниот спринт за жени и злато во женскиот кеирин
- Ана Мирс од Австралија го освоила поединечниот спринт за жени
- Германката Кристина Фогел го освоила златото во екипниот спринт за жени
Remove ads
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads