Лешница (Светиврачко)
село во Светиврачко, Пиринска Македонија (денешна Општина Сандански, Благоевградска област, Бугарија) From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Лешница — село во Светиврачко, Пиринска Македонија, денес во општината Свети Врач на Благоевградската област, југозападна Бугарија.
Remove ads
Географија и местоположба
Селото Лешница се наоѓа на 5 километри јужно од Свети Врач, во подножјето на планината Пирин, во сливот на реката Боджовска. Летата се топли и долги, а зимите се благи. Селото се наоѓа на надморска висина од 198 метри. Атарот на селото зафаќа површина од 9.037 км2. Покрај селото во близина поминува магистралниот пат Е79 (Видин-Софија-Култа-Солун).
Историја
Османлиско Царство
Во „Етнографија на Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Лешница (Léchnitsa) е село со 16 семејства од кои 20 Турци и 20 Македонци[1][2].
Во 1891 година Георги Стрезов за селото напишал:
Лешница, чифлик на мелничкиот грк Деко. Се наоѓа на една ливада до една притока на Бистрица, за СЗ од Мелник 2 1/2 часа. Црква, која е затворена од некое време. Бугарски куќи 5, турски 5. Пред 10-тина години било село од 20 куќи.[1][3]
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 година селото имало 55 жители, од кои 30 Турци и 55 Македонци[1][4].
Бугарија
По крајот на Балканските војни, селото било вклучено во составот на Бугарија.
Во 1936 година била изградена хидроцентрала Лешница, која го електрифицирала целото село. Постои проект за изградба на канализациски систем.
Remove ads
Културни знаменитости
Во Лешница има кметство, центар на заедницата со библиотека, мала капела и продавници. Здравствените и образовните институции се во соседниот град Свети Врач. Во селото има читалиште „Никола Јонков Вапцаров“ со библиотека од 1800 тома литература.
Во селото се наоѓа црквата „Св. Козма и Дамјан“. Во селото има понуда за посетителите кои можат да бидат сместени во пријатни соби. Во близина на селото се наоѓа одморалиштето Сандански.
Население[1][5]
![]() |
Remove ads
Личности
- Ангел Ангелов (р. 1930), бугарски офицер
- Андон Анастасов (1837 – 1920), бугарски духовник
- Страхил Точев (р. 1932), бугарски архивист
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads