Лилјана Чаловска

политичарка From Wikipedia, the free encyclopedia

Лилјана Чаловска
Remove ads

Лилјана Чаловска (Софија, 1920 година - Скопје, 20 јули 1997) — македонска писателка и активна учесничка во напредното движење на македонските студенти во Белград.

Кратки факти Родена, Починала ...
Remove ads

Животопис

Чаловска била член на КПЈ од 1940 година и делегат на Второто заседание на АВНОЈ. Покрај тоа, била еден од организаторите и раководител на Првиот конгрес на Народноослободителниот младински сојуз на Македонија, одржан на 21 декември 1944 година во Фуштани. Најпосле, таа била учесничка во АСНОМ, а по завршувањето на војната била народен пратеник во Собранието на Македонија и во Сојузното собрание.

Чаловска е позната и како првата сопруга на политичарот Лазар Колишевски.[1][2]

Remove ads

Творештво

Чаловска била членка на Друштвото на писателите на Македонија. Таа е автор на седум збирки поезија:

  • „Бдение за Виетнам“ (1967),
  • „Антидневник“ (1971),
  • „Пребир“ (1972),
  • „Пергел“ (1974),
  • „Повесница“ (1977),
  • „Поморјански песни“ (1981),
  • „Стихови“ (1981)

Три нејзини кратки раскази се застапени во антологијата на македонскиот краток расказ, „Џинџуџе во земјата на афионите“ (Темплум, 2022).[3]

Поврзано

Ахил Чаловски

Наводи

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads