Максимилијано Ричезе

аргентински велосипедист From Wikipedia, the free encyclopedia

Максимилијано Ричезе
Remove ads

Ариел Максимилијано Ричезе Аракистаин (шпански: Ariel Maximiliano Richeze Araquistain; р. 7 март 1983 во Буенос Аирес) — аргентински професионален друмски велосипедист, кој вози за UCI World Tour екипата ОАЕ Тим Емирати.[3] Ричезе го освоил сребрениот медал на Панамериканските игри 2015 во Торонто (екипна потера). Неговите браќа Роберто, Мауро и Адријан се исто така велосипедисти.

Кратки факти Лични податоци, Цело име ...
Remove ads

Животопис

Во првата сезона како професионалец завршил втор на последната етапа на Џиро д’Италија 2006, само неколку сантиметри зад Роберт Ферстер. Се смета за аргентински возач со најдобар резултат на некоја од трите големи трки, не сметајќи ги асимилираниот Лизје Пети Бретон кој возел за Франција, Хуан Антонио Флеча, роден во Аргентина, но возел за Шпанија и Алехандро Борахо, кој завршил како трет, исто така на Џиро.

На Џиро д’Италија 2007, Ричезе завршил трет на третата етапа и втор на етапите 18 и 21, сите освоени од Алесандро Петаки. Но, по дисквалификацијата на Петаки во мај 2008 година за допинг, Ричезе бил прогласен за победник на етапите 18 и 21 на Џиро.

Помеѓу неговите други достигнувања се првото место на првата етапа и други втори места на Тур де Лангкави 2006 и Трофео Арведи 2005. Исто така, во 2005 година го освоил Панамериканското друмско првенство под 23 години, а во 2003 година станал аргентински друмски првак под 23 години.

Во 2010 година ја добил наградата Конекс како еден од петте најдобри велосипедисти во последната деценија во Аргентина.

Во октомври 2015 година, по поминати 11 сезони со италијански екипи, белгиската екипа Етикс-Квик Степ објавила дека Ричезе ќе им се приклучи од 2016 година на двегодишен договор со улога за водечки помошник за Марсел Кител и Фернандо Гавирија.[4] По четири години без победи, ја освоил четвртата етапа на Тур де Свис 2016, како и бодовниот пласман за новата екипа.

Remove ads

Допинг

Пред почетокот на Џиро д’Италија 2008, Ричезе излегол позитивен на тестот за стероид станозолол, што предизвикало да биде исфрлен од трката. Иако бил прогласен за невин од Аргентинската велосипедска федерација, добил суспензија од две години од Арбитражниот суд за спорт.[5]

Достигнувања

2003
1. Национално велодромско првенство - кило
2. Краен пласман Класика дел Оесте-Добле Брагадо
1. Етапа 6
2004
Вуелта Сиклиста Лидер ал Сур
1. Етапа 2а
1. Етапа 4а
1. Етапа 2 Класика дел Оесте-Добле Брагадо
2005
1. Панамериканско друмско првенство под 23 години
1. Сиркуито дел Порто
Класика дел Оесте-Добле Брагадо
1. Етапа 1
1. Етапа 6б
1. Етапа 2 Џиро дел Венето
1. Етапа 9 Вуелта а Сан Хуан
2. Национално друмско првенство под 23 години
2. Пикола Копа Агостони
7. Гран Премио дела Либерационе
2006
1. Етапа 1 Тур де Лангкави
2007
1. Етапа 1 Трка околу Луксембург
1. Етапа 2 Тур де Лангкави
1. Етапа 4 Џиро дел Трентино
1. Етапа 4 Вуелта а Сан Хуан
4. Гран при де Рен
5. Гран Премио Чита ди Мизано - Адријатико
2008
1. Етапа 2 Тур де Сан Луис
1. Етапа 7 Трка околу Турција
3. Трофео Лаигвелја
4. Џиро ди Тоскана
6. Џиро дел Пиемонт
7. Гран при де Рен
9. Краен пласман Сиркуит де ла Сарт
1. Етапа 5
2011
Околу Словачка
1. Бодовен пласман
1. Етапа 1
1. Етапа 6
1. Етапа 7
4. Краен пласман Тур де Кумано
1. Пролог
5. ГП Крањ
6. Гран Премио дела Коста Етруски
2012
1. Панамериканско друмско првенство
1. Краен пласман Тур де Хокаидо
1. Бодовен пласман
1. Етапа 2
1. Етапа 3
Трка околу Србија
1. Бодовен пласман
1. Етапа 1
1. Етапа 5
1. Етапа 6
1. Етапа 1 Трка околу Јапонија
3. Краен пласман Тур де Кореја
3. Копа Берноки
4. Краен пласман Џиро дела Провинчија ди Реџо Калабрија
5. Краен пласман Тур де Кумано
1. Бодовен пласман
1. Етапа 1
5. Гран Премио дела Коста Етруски
8. Краен пласман Вуелта а Венецуела
1. Бодовен пласман
1. Етапа 1
1. Етапа 7
1. Етапа 8
1. Етапа 10
2013
Панамерикански велодромски првенства
1. Скреч
1. Екипна потера
1. Пролог Вуелта а Сан Хуан
2015
2. Панамерикански игри - екипна потера
2016
Тур де Свис
1. Бодовен пласман
1. Етапа 4
1. Етапа 1 (ТТТ) Тур де Сан Луис
2. Трка околу Франкфурт
3. ГП Импанис-Ван Петегем
2017
Вуелта а Сан Хуан
1. Етапа 6
1. Етапа 7
5. Париз-Тур
6. Јуроајс Класик
8. Трка околу Франкфурт
2018
1. Етапа 1 Трка околу Турција
1. Етапа 4 Вуелта а Сан Хуан
2. Панамерикански игри - друмска трка
2019
1. Панамерикански игри - друмска трка
1. Национално друмско првенство

Распоред на резултатите на големите трки

Повеќе информации Големи трки, Џиро ...

СО = се откажал; — = не учествувал

Remove ads

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads