Мало Коњари

село во Општина Прилеп From Wikipedia, the free encyclopedia

Мало Коњариmap
Remove ads

Мало Коњари — село во Општина Прилеп, во Прилепско Поле, во околината на градот Прилеп.

Кратки факти
Remove ads

Географија и местоположба

Селото Мало Коњари е рамничарско село, сместено во Прилепско Поле. Селото се наоѓа западно од градот Прилеп. Покрај селото поминува регионалниот пат Р1306 (Прилеп — Крушево — Сладуево).

Историја

Стопанство

Население

Повеќе информации Година, Нас. ...

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Мало Коњари живееле 340 жители, сите Македонци.[2] Според егзархискиот секретар Димитар Мишев, во 1905 година во Мало Коњари имало 240 Македонци, под врховенството на Бугарската егзархија.[3]

На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Мало Коњаре се води како чисто македонско село во Прилепската каза на Битолскиот санџак со 32 куќи.[4]

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 500 Македонци.[5]

Според пописот од 2002 година, селото Мало Коњари брои 727 жители, од кои 723 Македонци, 2 Срби и 2 останати.[6]

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 618 жители, од кои 576 Македонци, 2 Албанци, 3 останати и 37 лица без податоци.[7]

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Повеќе информации Година ...
Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[8]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[9]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[10]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[11]

Родови

Мало Коњари е македонско село.

Според истражувањата од 1954 година, родови во селото се:

  • Доселеници: Анѓелевци (10 к.) порано се викале Кусеви. Доселени се од некое место во албанското приморје. Во Прилепско се населиле три семејства. Едното во Мало Коњари, другото во Кадино Село (Јовевци), а третото во селото Свето Митрани (Коларовци). Анѓелевци Го знаат следното родословие: Алекса (жив на 24 г. во 1954 година) Никола-Димо-Петре-Наум, се доселил таткото или дедото на Наум; Тикварци (15 к.) се викаат и Кукиновци. Доселени се после првиот род од некое место во Тиквеш; Караиловци (18 к.) основачот на родот се викал Кара Илија. Кон крајот на XVIII век се доселил со неговата жена како орач од Ерменија. Затоа ги викаат и Ерменковци. Го знаат следното родословие: Богоја (жив на 71 г. во 1954 година) Јован-Мирче-Коте-Кара Илија, кој се доселил во селото; Галевци (5 к.) доселени се од селото Свиништа во Охридско; Каравеловци (6 к.) доселени се од селото Ерековци. Го знаат следното родословие: Боге (жив на 58 г. во 1954 година) Ордан-Нешко-Веле, кој се доселил во селото; Бабановци (9 к.) доселени се од селото Новоселани во Битолско. И таму биле доселени однекаде; Настевци (8 к.) доселени се од Брод во Порече; Прдешковци (5 к.) доселени се од селото Чепигово; Врбјанци (2 к.) доселени се од селото Врбјани. Таму припаѓале на родот Јефтинџиовци, подалечно потекло од селото Кореница; Мисирковци (3 к.) доселени се од селото Боротино; Барлевци (5 к.) доселени се од селото Галичани. Имаат роднини во Галичани и Боротино. А некое време живееле и во селото Кадино Село; Аџијовци (7 к.) доселени се од некое село во Порече; Трајковци (3 к.) доселени се во 1912 година од селото Беровци; Бегалиновци (2 к.) доселени се од селото Големо Коњари; Шеровци (2 к.) доселени се однекаде.[12]
Remove ads

Општествени установи

Самоуправа и политика

Избирачко место

Во селото постои избирачкото место бр. 1447 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на основното училиште.[13]

На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 573 гласачи.[14]

Културни и природни знаменитости

Цркви
Археолошки наоѓалишта
  • Селиште
  • Чука
Во културата

Дејствието на приказната „Силјан Штркот“ собрана од Марко Цепенков се одвива во Мало Коњари.

Редовни настани

Личности

Култура и спорт

  • ФК Млекар

Иселеништво

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads