Мамутчево

село во Општина Велес From Wikipedia, the free encyclopedia

Мамутчевоmap
Remove ads

Мамутчево — село во североисточниот дел на подречјето на Општина Велес и реката Отовица атарот на селото се допира до областа Овче Поле, во околината на градот Велес.

Кратки факти
Remove ads

Географија и местоположба

Населбата се наоѓа во североисточниот дел на територијата на Општина Велес, во сливното подрачје на реката Отовица, а нејзиниот атар се допира со областа Овче Поле. Од градот Велес селото е оддалечено околу 10 километри. Населбата е рамничарска, на надморска височина од 400 метри. Атарот зафаќа простор од 10 км2. На него обработливото земјиште зазема површина од 401 ха, на пасиштатата отпаѓаат 526 ха, па затоа селото има полјоделско-сточарска функција.

Remove ads

Население

Повеќе информации Година, Нас. ...

Во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Мамутчово било село со 45 домаќинства со 117 жители муслимани,[2] а додека според статистиката на Васил К’нчов од 1900 година Махмудчилар е населено со 430 жители, сите Турци.[3]

На етничката карта од 1927 година на Леонард Шулце Јена селото именувано како Махмутчилар (Mahmutčilar) е обележано како турско село.[4]

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралство Југославија во 1931 година, селото имало 150 Турци.[5]

Подоцна турското население на Мамутчево се иселува и според пописот од 2002 година имало 331 жител, сите Македонци.[6]

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 234 жители, од кои 218 Македонци, 1 Албанец и 15 лица без податоци.[7]

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Повеќе информации Година ...
Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[8]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[9]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[10]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[11]

Родови

По истражувањата од 1929 година, родови во селото биле:

Турски:

  • Доселеници: Џунделер (15 к.) доселени биле од Велес; Фетилер (20 к.) доселени биле од раселеното село Пупљени. Но постоело и предание по кое тие порано биле еден род со Џунделер; Зоголер (8 к.) доселени биле однекаде; Мемед Али (1 к.) доселени од Чашка; Далиповиќ (1 к.) доселени биле од селото Сојаклари (Јунузбегово).

Српски

  • Доселеници: Бечелиќ (1 к.) доселени во 1928 година од Гардиновац кај Нови Сад; Малетини (1 к.) кои биле доселени во 1928 година од Мошорин.[12]

Србите биле доселени како колонисти, а кои најверојатно биле иселени од селото од бугарските власти за време на Втората светска војна.

Remove ads

Самоуправа и политика

Избирачко место

Во селото постои избирачкото место бр. 2191 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на основното училиште.[13]

На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 239 гласачи.[14]

Култура

Цркви[15]
  • Црква „Св. Троица“ - единствената селска црква. Во изградба (сос. 2012)[16]
Археолошки наоѓалишта[17]

Иселеништво

Иселеници Турци од селото има во Турција, каде до 1929 година се иселиле 20 семејства во Одрин, Измир, Бруса, Ерзим Ерзерум. Иселеништвото продолжило со најсилен бран во 50тите од 20 век, па така денес нема Турци во селото.[12]

Галерија

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads