Сојаклари
село во Општина Велес From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Сојаклари — село во Општина Велес, во околината на градот Велес.
Remove ads
Историја
Во XIX век селото било дел од Велешката каза на Отоманското Царство.
Население
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Сојаклари живееле 200 жители, сите Турци.[2]
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралство Југославија во 1931 година, селото имало 150 Македонци и 50 Турци.[3]
Според пописот од 2002 година, во селото живеат 156 жители, од кои 153 Македонци, 2 Бошњаци и 1 Турчин.[4]
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 125 жители, од кои 110 Македонци, 2 Турци, 2 Бошњаци, 4 останати и 7 лица без податоци.[5]
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
- Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[6]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[7]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[8]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[9]
Родови
Според истражувањата од 1929 година, родови во селото биле:
Турски:
- Доселеници: Фазлиовци (3 к.) не го знаат потеклото; Лимановци (1 к.) доселени од соседното Мамутчево, каде немаат повеќе свои роднини.
Македонски:
- Староседелци: Ѕинѕировци (3 к.), Маневиќ (1 к.)
- Доселеници: Гајговци (2 к.) доселени се од Чука, овде се доселиле браќата Тане и Гоче; Камчевиќ (1 к.) доселени се однекаде овде живеат од многу одамна; Настовиќ (1 к.) доселени се од овчеполско Црнилиште; Саздовиќ (1 к.) потекнуваат од домазетот Саздо доселен однекаде; Јовановиќ (1 к.) и Николиќ (1 к.) непознато потекло; Теовиќ (1 к.) доселени од селото Мокрени во Азот; Костиќ (2 к.), Колевиќ и Чурлиновци (1 к.) со непозно потекло; Милошевиќ Диме (1 к.) доселени од селото Војница; Богдановиќ доселени од селото Ораов Дол.
Колонисти од Србија;
- Доселеници: Стаменковиќ (1 к.) доселени се од селото Жбевац кај Ристовац; Чварковиќ (2 к.) доселени се од Кикинда; Јеремиќ (2 к.) доселени од Елемир во Банат; Бечејац (1 к.) доселени се од Бегеја; Јовиќ (1 к.) доселени се од Мокрино во 1929 година, а подалечно потекло од Панчево; Шијачки (1 к.) доселени во 1929 година од Ада; Потран (1 к.) по потекло Словаци, доселени се од Стара Пазова.[10]
Remove ads
Самоуправа и политика
Избирачко место
Во селото постои избирачкото место бр. 2185 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на основното училиште.[11]
На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 105 гласачи.[12]
Културни и природни знаменитости
- Археолошки наоѓалишта
- Вршник — населба од доцноантичко време
- Џамаларски Гробови — некропола од доцноантичко време
Иселеништво
Иселеници од Муслиманите има во Турција, а од православните во Куманово, Скопје и Велес.[10]
Галерија
- Поглед на селото Сојаклари
- Глетка од селото Сојаклари
- Основното училиште во селото
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads