Кумарино

село во Општина Велес From Wikipedia, the free encyclopedia

Кумарино
Remove ads

Кумарино — село во источниот дел на Општина Велес, во околината на градот Велес.

Кратки факти
Remove ads

Географија и местоположба

Thumb
Поглед на дел од селото Кумарино

Селото е ридско - рамничарско на надморска височина од 340 метри. Се наоѓа во сливното подрачје на реката Отовица, а од градот Велес е оддалечено 9 километри.

Историја

Стопанство

Селото Кумарино има изразито полјоделско стопанство при што најмногу е застапено одгледувањето на жита: пченица, јачмен на големи површини, пченка и градинарски култури како тикви за широка продажба и домати, краставици, марули претежно за сопствени потреби и индустриски култури како сончоглед и маслодајна репка на поголеми површини во околината. Во помал дел се одгледува и добиток.

Население

Повеќе информации Година, Нас. ...

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Кумарино живееле 130 жители, од кои 70 Македонци и 60 Турци.[2] Според егзархискиот секретар Димитар Мишев, („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Кумарино имало 80 Македонци, под врховенството на Бугарската егзархија.[3]

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралство Југославија во 1931 година, селото имало 50 Турци и 50 Македонци.[4]

Според пописот од 2002 година, селото Кумарино има 74 жители, од кои 73 Македонци и 1 Србин.[5]

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 52 жители, од кои 46 Македонци и 6 лица без податоци.[6]

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Повеќе информации Година ...
Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[7]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[8]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[9]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[10]

Родови

По истражувањата од 1929 година, родови во селото биле:

Македонски:

  • Доселеници: Секуловци (3 к.) најстар род во селото, не го знаат потеклото; Арсовци (4 к.) доселени се од селото Ново Село; Петрушевци или Пантовци (2 к.) доселени од селото Чалошево; Петковци (1 к.) доселени од селото Отовица; Божиновци (1 к.) доселени од селото Караслари. таму се викале Николовци; Јовановци (1 к.) доселени биле од селото Сојаклари, подалечно потекло од овчеполското село Трстеник.[11]

Турски: (денес целосно иселени)

  • Доселеници: Салиовци или Боримечкалар (2 к.) не го знаат потеклото; Елмазовиќ (1 к.) доселени биле од Мамутчево; Кичик (1 к.) доселени биле од Кишино; Ферадовиќ (1 к.) доселени биле во 1910 година од овчеполското село Ќоселари; Алимлар или Алимовиќ (4 к.) не го знаат потеклото.
Remove ads

Општествени установи

Самоуправа и политика

Избирачко место

Во селото постои избирачкото место бр. 2186 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на објект во сопственост на давитков стојан.[12]

На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 49 гласачи.[13]

Културни и природни знаменитости

Археолошки наоѓалишта
  • Огради — населба од доцноантичко време
  • Рупи — некропола од доцноантичко време

Култура и Спорт

Иселеништво

Иселеници Турци од селото има во Турција.

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads