Меза
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Меза или Мас (француски: Meuse, холандски: Maas, валонски: Mouze) — важна европска река што извира во Франција и тече низ Белгија и Холандија, па истекува во Северното Море. Има вкупна должина од 925 км и истек од 350 [[м3/с]].[1]
Оваа статија се однесува на река во Европа. За истоимениот департман во Франција, погл. Меза (департман).
Од 1301 г. горното течение на Меза приближно ја отцртувала границата на Светото Римско Царство со Кралството Франција, откако барскиот војвода Анри III морал да го прими западниот дел на Грофовијата Бар како француско лено од рацете на кралот Филип IV. Границата ја одржала стабилноста сè до 1552, кога кралот Анри II ја припоил областа Три Епископии (Мец, Тул и Верден) и на друг наврат, кога војската на кралот Луј XIII го запоседнала војводството Лорена во 1633. Долниот белгиски (валонски) дел од т.н. „индустриска котлина“ е првата наполно индустријализирана област во континентална Европа.[2]
Remove ads
Географија


Меза извира во месноста Пуји ан Басињи, општина Ле Шатле на Меза на висорамнината Лангр во Франција, па продолжува на север низ Седан и Шарлевил Мезјер во Белгија.[3]
Кај градот Намир, во неа се влева реката Самбра. Потоа се извива накај исток, покрај Ардените и низ Лиеж, па врти на север. Во ова подрачје, реката сочинува дел од белгиско-холандската граница, освен кај Мастрихт, кајшто границата е позападно. Во Холандија продолжува на север низ Фенло долж границата со Германија, па свртува на запад, каде тече напоредно со реката Вал и влегува во состав на пространа делта заедно со Шелда во јужниот Рајна во северниот дел. Близу Хезден реката е раздвоена на Афгедамде Мас на десно и Бергсе Мас на лево. Бергсе Мас продолжува под името Амер, како дел од Бисбос. Афгедамде Мас се влева во реката Вал кај Ваудрихем, и продолжува под името Бовен Мерведе до Хардинксвелд-Гисендам, каде се раздвојува на Ниве Мерведе и Бенден Мерведе. Недалеку од Лаге Звалуве, Ниве Мерведе се спојува со Амер, образувајќи го Холандс Дип, кој пак се раздвојува во Гревелинген и Харингвлит, за на крај да се влее во Северното Море.
Притоки
Ова е список на главните притоки на Меза, подредени од долното кон горното течение:
Remove ads
Департмани, покраини и населени места
Реката Меза тече низ следниве департмани, покраини и населени места во Франција, Белигја и Холандија:
Горна Марна
Вогези: Нефшато
Меза: Комерси, Сен Миел, Верден, Стене
Ардени: Седан, Шарлевил Мезјер, Живе
Намир: Динан, Намир
Лиеж: Иј, Лиеж, Визе
Лимбург: Мастрихт, Стејн, Масбрахт, Рурмонд, Фенло, Генеп
Лимбург: Масејк
Северен Брабант: Боксмер, Кејк, Граве, Равенстејн, Лит, Хезден, Албург, Ваудрихем
Гелдерланд: Масдрил
Јужна Холандија: Дордрехт, Маслејс, Ротердам
Remove ads
Поврзано
- Меза (департман)
- Мозасаурус - праисториски морски диносаурус наречен по реката
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads