Метју Гос
австралиски велосипедист From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Метју Харли Гос (англиски: Matthew Harley Goss; р. 5 ноември 1986 ) — поранешен австралиски професионален друмски и велодромски велосипедист. Негова последна професионална екипа пред пензионирањето била професионалната континентална екипа ОНЕ Про Сајклинг. Првично настапувал во велодромскиот велосипедизам пред да се префрли на друмскиот. Го освоил златниот медал во екипна потера на Светските велодромски првенства UCI 2006 и второто место на друмската трка на Светските друмски првенства UCI 2011. Исто така ги има освоено ГП Западна Франција 2010, Милано-Санремо 2011, како и две етапи на Џиро д’Италија, помеѓу другите победи.
Remove ads
Кариера
Гос најпрвин започнал со велодромскиот велосипедизам. Освоил бронзен медал во екипен пласман на Светското велодромско првенство во Лос Анџелес во 2005, заедно со Ешли Хачинсон, Марк Џејмисон и Стивен Вулдриџ. Потоа, следната година го освоил златниот медал во Бордо со Питер Досон, Марк Џејмисон и Стивен Вулдриџ.
Напоредно со успесите на велодромите, тој ја започнал и неговата кариера во друмскиот велосипедизам со австралиската екипа Southaustralia.com-AIS, која учествувала во бројни трки, кои биле наменети за велосипедисти помлади од 23 години, вклучувајќи ги Либерасион ГП и Трката околу регионите.
Во 2007, станал професионалец со Тим ЦСЦ. Во првите две години како професионалец, освоил две етапи на Трката околу Британија, една во 2007 и една во следното издание и две етапи на Хералд Сан Тур во 2008. Гос завршил втор на Меѓународното првенство Комерцбанк и трет на Делта Профронде. Со ЦСЦ, исто така го освоил екипниот хронометар Ајндховен 2008, екипниот хронометар во UCI ProTour, вклучен во календарот.
На овие трки станал познат по неговата карактеристична брзина, но исто така ги покажал и квалитетите во другите дисциплини, докажувајќи се силен на калдрмата, завршувајќи трет на полукласичната белгиска трка Курне-Брисел-Курне во 2008, потврдувајќи се во 2009 со освојувањето на Париз-Брисел, две етапи на Трката околу Валонија и завршувајќи трет на Гент-Вевелгем.

2010
Во 2010, започнал да вози за Тим ХТЦ-Колумбија. На 16 мај 2010 ја освоил деветтата етапа на Џиро д’Италија[2] и се откажал од трката на 23 мај поради болест. Во август го освоил ГП Уест-Франција, победувајќи го Тајлер Фарар во спринт. Исто така, победил во Америка на меѓународното првенство Филаделфија[3] и две етапи на Трката околу Данска.
2011
Сезоната 2011 ја започнал во Австралија, победувајќи на критериумот Заливски Класик, со победи во првиот и четвртиот круг и во финалето на сите тасмански екипи. Исто така бил втор на Државното првенство. Ја продолжил неговата победничка серија со класикот Кансер Кансил и првата етапа на Тур Даун Андер, бодовниот пласман и завршувајќи втор во генералниот пласман. Потоа ја остварил неговата најголема победа во кариерата, возбудливиот класик Милано-Санремо 2011. Победата се случила кога го поминал последното искачување на трката со водечката група и го отспринтал Фабијан Канчелара од екипата Леопард Трек за освојување на трката.[4]
На 6 септември 2011, било објавено дека Гос ќе се придружи на екипата ГринЕЏ во нивната прва сезона во 2012.[5]
2012
Во април, Гос го освоил бодовниот пласман на Трката околу Турција.[6] Тој не победил на ниедна етапа, но бил близу на етапата 4, каде Марк Реншо (Рабобанк) го победил на целта за екстремно мала разлика.[7] Тој постигнал победа на Џиро д’Италија, ја освоил третата етапа откако Роберто Ферари предизвикал несреќа, во која голем број велосипедисти паднале на асфалтот, вклучувајќи го возачот на Тим Скај Марк Кевендиш.[8] Се откажал од Џиро откако завршил на шестото место на етапата 13, објаснувајќи дека сака да се подготви за двете главни цели во сезоната, Тур де Франс и олимписката друмска трка во Лондон.[9] На Тур де Франс 2012, Гос се борел со возачот на Ликвигас-Канондејл Петер Саган за зелената маичка, доделувана за најдобар спринтер. Меѓутоа, неговите шанси биле прилични намалени на етапата 12, кога добил казна од 30 бода за опасниот спринт, допирајќи го Саган со неговото лево тркало откако двајцата се бореле до целта.[10] На крај, го освоил третото место во бодовниот пласман зад Саган и Андре Грајпел.[11]
2015
На 18 септември 2014 година било објавено дека Гос ќе вози за Тим МТН Кубека во 2015 година.[12]
2016
На 12 октомври 2015 година било објавено дека Гос ќе се премести во ОНЕ Про Сајклинг.[13]
Remove ads
Личен живот
Гос го поддржува развојот на младинците и ги помага програмите на велосипедските екипи во неговата држава, каде тој израснал и ги стекнал велосипедските вештини како јуниор и постепено ја презел улогата на советник на менаџерскиот комитет и екипен амбасадор на велосипедската екипа RECAB во Тасманија од 2009.
Гос се појавил на рекламни паноа во Австралија за Тошиба со колегите од Комонвелтските игри 2006.
Живее во Монте Карло, Монако.[14]
Remove ads
Достигнувања
- 2004
- Светски јуниорски велодромски првенства
- 2005
- 1.
Национален првак во екипна потера
- 1. Етапа 1 Трка околу Јапонија
- 2006
- 1.
Светски првак во екипна потера
- 1.
Национален првак во екипна потера
- 1. ГП Либерационе
- Вуелта а Навара
- 1. Етапа 1 Џиро деле Реџионе
- 1. Етапа 3 Џиробио
- 2.
Екипна потера Комонвелтски игри 2006
- 2. Трофео Чита ди Бреша
- 2. Копа Чита ди Асти
- 2007
- 1. Етапа 3 Трка околу Британија
- 1. Екипен хронометар Ајндховен
- 2. Меѓународно првенство Комерц Банк
- 3. Делта Профронд
- 2008
- Трка околу Британија
- Хералд Сан Тур
- 3. Курне-Брисел-Курне
- 2009
- 1. Париз-Брисел
- Трка околу Валонија
- 1. Етапа 3
- 1. Етапа 5
- 2. ГП де Денен
- 3. Гент-Вевелгем
- 10. Краен пласман Вуелта а Мурсија
- 2010
- 1. ГП Западна Франција
- 1. Меѓународно првенство Филаделфија
- 1. Етапа 9 Џиро д’Италија
- 1. Етапа 1 (ТТТ) Вуелта а Еспања
- 1. Етапа 1 Трка околу Данска
- 2011
- 1.
Краен пласман Заливски класик
- 1. Етапа 1
- 1. Етапа 4
- 1. Милано-Санремо
- 1. Кансер Кансил Хелплајн Класик
- 1. Етапа 3 Париз-Ница
- 1. Етапа 8 Трка околу Калифорнија
- 1. Етапа 2 Трка околу Оман
- 2.
Светско друмско првенство
- 2. Национално друмско првенство
- 2. Краен пласман Тур Даун Андер
- 8. Класик Лондон-Сари
- 2012
- 1. Етапа 3 Џиро д’Италија
- 1.
Бодовен пласман Трка околу Турција
- 1. Етапа 1 (ТТТ) Тирено-Адријатико
- 4. ГП Западна Франција
- 2013
- 1. Етапа 2 Тирено-Адријатико
- 1. Етапа 4 (ТТТ) Тур де Франс
- 2. Кансер Кансил Хелплајн Класик
- 2014
- 1. Етапа 2 Беј Класик Серија
Распоред на резултатите на големите трки
СО = се откажал; — = не учествувал
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads