Тирено-Адријатико 2013
велосипедска трка From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Тирено-Адријатико 2013 било 48. издание на велосипедската етапна трка Тирено-Адријатико, често нарекувана како Трка на две мориња. Започнала на 6 март во Сан Винченцо и завршила на 12 март во Сан Бенедето дел Тронто и се состоела од седум етапи, вклучувајќи екипен хронометар на почетокот на трката и поединечен хронометар на крајот.[2] Била трета трка во сезоната на Светската турнеја.
На трката втора година по ред победил Италијанецот Винченцо Нибали од екипата Астана – станувајќи прв возач кој успеал во тоа после Тони Ромингер во 1989 и 1990[3] – кој го презел водството на трката на претпоследната етапа и го одржал водството до крајот на етапата, следниот ден во Сан Бенедето дел Тронто.[4] Нибали го освоил генералниот пласман за 23 секунди пред второпласираниот Крис Фрум (Тим Скај),[5] кој ја освоил кралската етапа на трката, четвртата етапа која завршувала на Прати ди Тиво. Возачот на Тим Саксо-Тинкоф Алберто Контадор го заокружил подиумот, 29 секунди зад Фрум и 52 секунди зад Нибали.[6] Контадот исто така бил победник на бодовниот пласман,[7] освојувајќи ја црвената маичка поради најголемиот број на бодови освоени на средните спринтови и на завршниците на етапите.
Во другите пласмани на трката, возачот на Омега Парма-Квик Степ Михал Квјатковски бил победник на белата маичка во пласманот за млад возач, бидејќи бил највисоко пласиран возач роден во 1988 или подоцна, кој завршил како четврти во генералниот пласман,[8] а претходно на една етапа бил и водач во генералниот пласман. Возачот на Лампре-Мерида Дамијано Кунего ја освоил зелената маичка како победник на планинскиот пласман,[9] додека Мовистар Тим биле победници во екипниот пласман.[10]
Remove ads
Екипи
Бидејќи Тирено-Адријатико е настан од Светска турнеја на UCI, сите UCI World Tour екипи се повикани автоматски се обврзани да испратат екипа. Првично, осумнаесет ProTeam биле поканети на трката, како и четири други со специјални покани,[11] и тоа била создадена групата од 22 екипи. Првично поканета на трката со специјална покана, Катјуша подоцна го повратила нејзиниот статус на World Tour по жалбата во Арбитражниот суд за спорт.[12][13]
22 екипи кои настапиле на трката се:
|
Remove ads
Преглед на трката
Remove ads
Етапи
Етапа 1
- 6 март 2013 — Сан Винченцо до Доноратико, 16,9 км екипен хронометар (ТТТ)[15]
Етапа 2
- 7 март 2013 — Сан Винченцо до Индикаторе, 232 км[16]
Етапа 3
- 8 март 2013 — Индикаторе до Нарни Скало, 190 км[17]
Етапа 4
- 9 март 2013 — Нарни до Прати ди Тиво, 173 км[18]
Етапа 5
- 10 март 2013 — Ортона до Кјети, 230 км[19]
Етапа 6
- 11 март 2013 — Порто Сант’Елпидио до Порто Сант’Елпидио, 209 км[20]
Етапа 7
- 12 март 2013 — Сан Бенедето дел Тронто, 9,2 км поединечен хронометар (ITT)[21]
Remove ads
Поредок
Remove ads
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads