Меѓународно графичко триенале Битола
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Меѓународно графичко триенале Битола - ИГТ Битола — меѓународна ликовна манифестација, која има за цел да го популаризира и афирмира современото графичко ликовно творештво.
Формирано е во 1991 година во Битола, Република Македонија, оттогаш е најголема графичка ликовна манифестација во Македонија. По иницијатива на Владо Ѓорески и Љубен Пауноски а оддобрено и поткрепено од претседателот на Р Македонија, Министерството за култура на Р Македонија - Скопје и Оптина битола.Во досегашниот период свое учество имале бројни уметници од светот[1][2].
Забележано е како една од позначајните ликовно-графички манифестации во Македонија и пошироко[3][4][5][6][7].
Покрај самата манифестација, која се случува на секоја трета година, обележано со отворање на поопсежни изложби, Меѓународното графичко триенале, организира и меѓународни проекти, во соработка со други графички центри во светот: на „ 9-тото Триенале на светските оригинални гравури и печат во Шамолиер“ ("9 la Triennale Mondiale de l’Estampe et de la Gravure Originale -Chamalières“), Франција, беше афирмативно претставено и презентирано во нивниот каталог[8]. Во Италија, ја организира меѓународната изложба: „Огледало - Лице в лице Изложба на македонски и италијански автори“ Винченца, Италија, (MIRROR – Face to Face: Italian and Macedonian Artists Exposition 2016 to Vicenza“)[9]. Во Битола го организирал проектот - „Современите полски графичари“[10] и бројни други.
Меѓународното графичко триенале Битола, објавува обемни каталози за секоја манифестација пооделно[11][12].
Меѓународното графичко триенале Битола, е ликовно случување со културолошко, уметничко, образовно значење.
Нејзин раководител е Владо Ѓорески
Remove ads
Историја
Година | Број на учесници | Број на држави кои учествувале | Каталог |
1994 - Прво меѓународно графичко триенале Битола | 407 | 54 | број на страници: 416; формат: 210 Х 230 мм; печат црно бел; предговор Борис Петковски, ликовно решение на каталогот и плакатот Константин Танчев - Динка[13][14] |
1997 - Второ меѓународно графичко триенале Битола | 628 | 73 | број на страници: 195; формат: 210 Х 290 мм; печат колор; предговор Лилјана Христова, ликовно решение на каталогот и плакатот Константин Танчев - Динка[14] |
2000 - Трето меѓународно графичко триенале Битола | 426 | 62 | број на страници: 240; формат: 220 Х 200 мм; печат колор; предговор Владо Ѓорески, ликовно решение на каталогот и плакатот Владо Ѓорески, Христо Бојаџиев [14][15][16]. |
2003 - Четврто меѓународно графичко триенале Битола | 546 | 70 | број на страници: 252; формат: 220 Х 200 мм; печат колор; предговор Владо Ѓорески, ликовно решение на каталогот и плакатот Владо Ѓорески, Христо Бојаџиев [14][15][17]. |
2006 - Петто меѓународно графичко триенале Битола | 572 | 62 | број на страници: 228; формат: 220 Х 200 мм; печат колор; предговор Владо Ѓорески, ликовно решение на каталогот и плакатот Владо Ѓорески, Христо Бојаџиев [14][18][19]. |
2009 - Шесто меѓународно графичко триенале Битола | 750 | 49 | број на страници: 358; формат: 220 Х 200 мм; печат колор; предговор Владо Ѓорески, ликовно решение на каталогот и плакатот Владо Ѓорески[20][21][22]. |
2012 - Седмо меѓународно графичко триенале Битола | 750 | 64 | број на страници: 349; формат: 220 Х 200 мм; печат колор; предговор Владо Ѓорески, ликовно решение на каталогот и плакатот Владо Ѓорески[20][21][23]. |
2015 - Осмо меѓународно графичко триенале Битола | 910 | 92 | број на страници: 472; формат: 220 Х 200 мм; печат колор; предговор Владо Ѓорески, ликовно решение на каталогот и плакатот Тодор Ѓорески[20][24][25]. |
2018 - Деветто меѓународно графичко триенале Битола | 1200 | 156 | број на страници: 1001; формат: 220 Х 200 мм; печат колор; предговор Владо Ѓорески, ликовно решение на каталогот и плакатот Тодор Ѓорески[26][27][28]. |
Remove ads
Надворешни врски
- Triennial of Graphic ArtBtiola, Republic of Macedonia Архивирано на 10 јуни 2020 г.
- Kunst Aspecte Архивирано на 17 јуни 2020 г.
- International Triennial of Graphic Art, Bitola
- Kunst Aspecte Архивирано на 17 јуни 2020 г.
- Dans le monde Архивирано на 30 март 2019 г.
- Графичкото триенале
- Графичкото триенале во Битола
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads