Миноштица

From Wikipedia, the free encyclopedia

Миноштицаmap
Remove ads

Миноштица или Монопиште (грчки: Μονόσπιτα, Моноспита; до 1926 година: Μινόστιτσα, Миностица) — село во Берско, Егејска Македонија, дел од денешната Општина Негуш, во Централна Македонија, Грција.

Кратки факти Миноштица Μονόσπιτα, Земја ...
Remove ads

Географија и местоположба

Селото се наоѓа на десетина километри од градот Негуш и на исто толкава растојание северозападно од градот Бер, на надморска височина од 45 метри.[2] Селскиот атар зафаќа површина од 13 квадратни километри.

Сместено е во областа Сланица, во западниот дел на пространото Солунското Поле, во подножјето на планината Каракамен (Негуш Планина или Дурла). Низ селото тече реката Арапица.

Историја

И ова село, како и сите села во околината, до 1924 година било населено исклучително со македонско население.[2]

Во 1924 година, во селото биле населени 157 тракијски Грци, бегалци од Бугарија. Во 1928 година, Миноштица претставувала мешана населба со 8 бегалски семејства со вкупно 32 жители.[3].

Во 1926 година, селото било преименувано во Моноспита (Μονόσπιτα).

Стопанство

Населението на селото, главно се занимава со земјоделство. Околу селото постојат големи плантажи со овоштарници, во прв ред праскарници, но се одгледува и памук и малку пченица.[2]

Население

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 година во Миноштица (Моноснита) живееле 170 Македонци.[2][4] По податоци на секретарот на Бугарската егзархија, Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Литоштица (Моноспито) имало 240 Македонци.[5]

Во 1910 година во Миноштица (Μονόσπητον) имало 240 жители.[6]

За време на пописот од 1913 година, селото било забележано со 265 жители (од кои 132 мажи и 133 жени[7]), колку што имало и во 1920 година. Поради плодноста на почвата, по 1924 година тука биле сместени и бегалски грчки семејства преселени од Бугарија (вкупно 157 бегалци), така што селото станало мешана населба. Миноштица во 1928 година имала 541 жител, во 1940 година 766, во 1951 година 864, во 1961 година 941, во 1971 година 929, во 1981 година исто така 929, а во 1991 година 969 жители. Сите статистички показатели говорат за постојано зголемување на бројот на жителите, што се должело на големата плодност на почвата, која речиси целосно се наводнува.[2]

Во пописот спроведен во 2001 година, селото било попишано со 916 жители. Во најновиот спроведен попис од 2011 година во Грција, селото било забележано со 897 жители.

Преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:

Повеќе информации Година ...
Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија
Remove ads

Самоуправа и политика

Селото припаѓа на општинската единица Антемија со седиште во селото Копаново, која припаѓа на поголемата општина Негуш, во округот Иматија. Воедно, селото е дел од општинскиот оддел Миноштица, во кој е единствено село.

Културни и природни знаменитости

Цркви
  • Црква „Св. Никола“ — главна селска црква, изградена околу 1850 година

Редовни настани

Личности

Родени во Миноштица
  • Димитрис Гесиос (р. 1948) — грчки фудбалер

Култура и спорт

  • Фудбалски клуб „Елпида“

Наводи

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads