Мом (митологија)

From Wikipedia, the free encyclopedia

Мом (митологија)
Remove ads

Мом ([Μῶμος] Error: {{Langx}}: unrecognized language code: gr (help)) — божество на острата критика, обвинувањето, потсмевот, презирот, жалбата и цензурата во старогрчката митологија. Тој е персонификација на сатирата, исмејувањето, бог на писателите и поетите, зол дух на обвинувањето и нефер критиките. Во класичната уметност е претставен како ја крева маската од своето лице. Негова спротивност била Ефимија.

Thumb
Мом со маска во раката, слика на таванот на театарот во Нант
Remove ads

Потекло

Според Платон, Мом е бог на прекорот и критиката кој на секој бог му замерува за нешто. Бидејќи немал што да ѝ забележи на Афродита, тој се распукал од мака.[1] Според Хесиод, Мом е син на Никта (Ноќта). Кога титанот Крон го кастрирал својот татко Уран, и му ја презел власта, Никта многу се разлутила и од бес ги родила, по пат на партеногенеза: Мом (вината, критиката), Морос (судбината, проклетството), Танат (смртта), Хипнос (сонот), Харон, Онеирите (сништата), Хесперидите (вечерите), Керите (насилнaта смрт), Мојрите (судбината), Немезида (одмаздата), Апата (измамата), Филота (дружењето, нежноста), Герас (староста) и Ерида (караницата, раздорот).

Според Цицерон, пак, негова мајка е Никта, но татко му е Ереб.[2]

Remove ads

Во преданијата

Во постарите преданија Мом бил мудриот советник на Зевс. Имено, кога Геја се пожалила дека луѓето премногу се намножиле на Земјата и дека ѝ претставуваат голем товар, Зевс одлучил да ја растовари па ја предизвикал Тебанската војна. Но, во таа војна не загинале многу луѓе, па Зевс ги убивал со громови и поплави. Мом го посоветувал, наместо тоа, да ја омажи Тетија за еден смртник, а и самиот со некоја смртничка да роди ќерка. На тој начин се родени Ахил и убавата Елена, централните личности во Тројанската војна.[3]

Во подоцнежните преданија, Мом е замислуван како злобно суштество со крилја, со долги и остри заби што им се потсмева на сите. Тој му се потсмевал на Прометеј зашто на луѓето не им оставил отвор за да им се гледа срцето.[3] Макар што, според Луцијан, Мом го цензурирал Хефест додека го правел човекот, спречувајќи го да остави мал отвор на градите, за да не можат луѓето да проникнуваат во туѓите мисли.[4] Мом му се потсмевал дури и на Зевс зашто на бикот не му ги ставил роговите пред или под очите. Според Филострат[4], на Афродита не можел да ѝ најде замерка, па ги исмевал нејзините обувки. Заради таквото однесување, го протерале од Олимп.[3]

Според една верзија на митот, која ја пренесува Езоп, Зевс, Посејдон и Атина се расправале кој од нив може да му направи повеќе добрини на човештвото; Зевс го направил човекот, Атина куќата кајшто ќе живее, а Посејдон бикот. Мом, кој тогаш живеел меѓу боговите, бил повикан да пресуди. Но, тој не сакал никого од овие тројца и сите ги искритикувал. Бикот заради роговите, човекот заради срцето, а куќата, зашто немала железни тркала, па сопственикот да ја преместува каде што ќе посака.

Remove ads

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads