Кара Су
река во Катеринско, Егејска Македонија From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Кара Су (Мавронери или Есонас; грчки: Μαυρονέρι, Αίσωνας) — река во Катеринско, Егејска Македонија.[1][2][3] Претставува најголемата река во Катеринско (округот Пиерија), со должина оа 50 км и сливна површина од 655 км2.[3]
Remove ads
Описание


Реката извира од планината Шапка источно од врвот Пиргос (1689 м).[1] Се образува од слевањето на десетици мали потоци кои извираат од Олимп и Шапка.[2] Тече на северозапад и по месноста Оја Чаир свртува на североисток, а под врвот Грамени Оксија (1584 м) на исток во длабоката планинска долина[1] наречена Петренски Теснец (Στενά της Πέτρας).[2] Минува низ селото Фтери, каде ја прима десната притока Хајдар. Кај селото Морна на реката има мало вештачко езеро, каде реката ја прима притоката Морнотик и свртува на североисток. Излегува од планината северно од Фотина и јужно од Долна Милја. По Долна Милја ја прима големата лева притока приток Пистериес. Северно од Ступи прима друга голема лева притока Пелекас. По 7 км се влева во Солунскиот Залив во месноста Армирки северно од Варички Колиби и јужно од Олимпски Брег.[1]
Во устието на реката се образува убав комплекс од влажни станишта кои се протегаат по должина од 5 км напоредно на брегот.[2]
Често, особено во летните месеци, реката пресушува, како од природин причини, така и поради нејзината употреба за наводнување.[2][3]
Remove ads
Имена
Во горното течение реката го носи и името Итамос (Ίταμος). Мавронери (во прев. црна вода) се должи на матноста на водата. Во антиката била наречена Есон (Αίσων) и Митис (Μίτυς), во средновековието била Петра (Πέτρα) и Фидари (Φίδαρη), а во османлиско време се нарекувала Кара Су, кое како Мавронери значи црна вода.[2][3]
Притоки
→ лева, ← десна
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads